Спасовски: Црквите не ги затвораме, но останете дома за Велигден


Преемиерот Оливер Спасовски апелира да се почитуваат мерките, да нема групирања и да останеме на социјална дистанца и за Велигденските празници, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе донесат одлука за затворање на црквите за Велигден.

– Упатив порака пред неколку дена велигденските празници да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и традиција. Немаме одлука за затворање на верски објекти или за непрактикување на верата затоа што такви одлуки не може да се донесат. Дури во ниту една состојба да се наоѓа државата, тоа е право кое е неприкосновено. Апелирам до граѓаните за време на велигденските празници да останеме во кругот на семејствата бидејќи така најмногу ќе придонесеме за спречување на ширењето на болеста – рече Спасовски.