Доцни платата на вработените во образованието


Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) бара итно да им биде исплатена платата за март на вработените во основното и средното обрзование.

– И покрај вонредните напори кои ги вложуваме, и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 10 идниот месец, иако во очи на големи верски празници (според христијанскиот и според исламскиот верски календар) на вработените во образование сè уште не им е исплатена плата за март, се вели во соопштението од НСОН.