Во Албанија 22 новозаразени со Ковид-19


Иако со бавно темпо, билансот на заразените од Ковид-19 во Албанија се зголемува. Во последното деноноќие од тестираните 233 сомнителни случаи позитивен резултат има кај 22, со што вкупниот број на инфицирани со новиот корона вирус  се зголеми на 584 лица. Најголем број од новозаболените или 12 се од градот  Курбин, каде пред три дена […]

Прв Австриец излечен со крвна плазма


Австриец на возраст од 36 години од Штаерска е првиот ковид пациент кој е излечен со крвна плазма во Австрија. Според весникот „Клајне цајтунг“, тој еден месец бил на интензивна нега борејќи се за живот. По примената на терапијата со плазма, префрлен е од одделението за интензивна нега и веќе три пати резултатите од тестот […]

ДОМ се противи групирањето над пет лица да биде кривично дело


Зелената партија ДОМ апелира Владата да ја преиспита одлуката за носење уредба со законска сила, со која групирањето над пет лица на јавни места и површини ќе се смета за кривично дело. Партијата смета дека само со  изрекувањето мандатни казни за групирање, како и за неодржување растојание од најмалку два метра и неносење заштитна опрема, […]

За прв пат повеќе излечени – 21, отколку новозаболени – 18, но тројца починаа


Во денешниот извештај на Министерството за здравство околу корона вирусот за прв пат пат има повеќе излечени отколку инфицирани лица. Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти. […]

Париз навреден од Пекинг


Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан во интервју за денешното издание на париски „Ле Монд“ појасни дека го повикал кинескиот амбасадор во Франција затоа што персоналот на француските домови за стари лица бил „клеветен“ на интернет страницата на кинеската амбасада во Париз во контекст на кризата со Ковид-19, јави дописникот на МИА. […]

Мерките поради корона вирусот ја чинеа француската економија 120 милијарди евра


Осумте недели на мерки на ограничување поради коронавирусот ќе предизвикаат загуби од 120 милијарди евра за француската економија, додека „присилната заштеда“ е 55 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз. Овие предвидувања ги даде француската опсерваторија за економска коњуктура (ОФЦЕ) во студијата објавена денеска. Таа своите предвидувања ги потпира врз намалувањето на БДП за […]

Необичниот пристап дава резултати?


Необичниот пристап на Шведска против новиот коронавирус почнува да дава резултати, изјави шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел. Тој наведе дека според најновите податови стапката на заразени и на смртност укажуваат дека почнува да се стабилизира ситуацијата. Шведска не ги затвори училиштата, вежбалниците, кафулињата, баровите и рестораните за време на ширењето на епидемијата. Наместо тоа Владата […]

Граѓани добивале покани од полиција, МВР вели ние праќаме во хартиена форма


Лажни покани во врска со наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР. – Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за […]

Викторија Бекам во загуба, со помош на владата ќе го плати персоналот


Англија– Славната дизајнерка Викторија Бекам, го намали персоналот, бидејќи пандемијата на коронавирус продолжува да тежи на модната индустрија. Модниот бренд со седиште во Лондон им испратила писма на околу 30 вработени во кои ги известуваат дека ќе бидат платени според шемата на британската влада. Преку шемата, владата плаќа 80% од платите на вработените во компаниите […]

Најмал број новозаразени во Словенија од почетокот на епидемијата


Словенечките власти објавија дека во земјата се потврдени само пет нови случаи на новозаразени со корона вирусот, што е најмалку од почетокот на епидемијата. Има намалување и на бројот хоспитализирани лица поради Ковид-19, кој сега изнесува 88. На одделите за интензивна нега се лекуваат 26 пациенти со потешка клиничка слика на болеста. Во изминатите 24 […]

Фон дер Лајен: Ќе најдеме паметни решенија за летните одмори


Белгија– Европјаните ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Мислам дека ќе најдеме паметни решенија за летните одмори. Можеби малку поразлично, со други хигиенски мерки и со малку повеќе физичка дистанца, но ќе биде импресивно да […]

Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала


Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници. – Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше […]

Израелците протестираа против власта оддалечени на два метри


Повеќе од 2.000 Израелци стоеја вчера  на  два метри оддалеченост еден од друг на плоштадот Рабин во Тел Авив  во знак на протест против она што го сметаат за ерозија на демократијата во време на корона вирусот од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Хаарец. Демонстрациите „Црното знаме“, кои започнаа во март, се одговор на […]

Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација  


Не се очекува пораст на стапката на инфлација. Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Капитал“. Во првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и […]

Во Словенија повторно се отвораат продавници и мали бизниси


Во Словенија од денеска, по повеќе од еден месец, повторно се отворени повеќе продавници, салони и сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана. Словенците уште утрово, почитувајќи ги сите мерки, со заштитни маски и држејќи соодветна раздалеченост, ги наполнија салоните за мебел и продавниците за градежен материјал. Според планот на властите, оваа недела се отвораат […]

Чаршиски разговори


ЉУПЧО ПОПОВСКИ                                                                                            (Колумна за Дојче веле) Бунтот околу интервенцијата во […]

Почнува тестирање, колку корона вирусот навлегол во популацијата во Хрватска


  Граѓаните кои правеле крвни анализи во Хрватска се потенцијални кандидати за спроведување голема студија. Сите граѓани во Хрватска кои од минатата среда ваделе крв заради контролни или некои други прегледи, неврзани за заразата од корона вирус, се потенцијални кандидати за спроведување голема студија која ќе покаже колку длабоко корона вирусот влегол во популацијата, објави […]

Познат бугарски новинар усмртен од џип на семафор


Познатиот ТВ-презентер Милен Цветков почина во сообраќајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во него со голема брзина. Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите. Околу инцидентот е задржан 22-годишниот возач кој […]

Американците на протест: Забрана за собири со повеќе од 50 луѓе, а се собраа 2.500


Ширум САД во неделата се одржаа протести против мерките за сузбивање на корона вирусот кои подразбираат останување дома. Гувернерите на сојузните држави го оспорија тврдењето на претседателот Доналд трамп дека има доволно тестови за корона вирусот и дека треба брзо да ја отворат економијата. Во главниот град на државата Вашингтон, Олимпја, на улиците излегоа околу […]

Корона вирусот направи масовни умиралишта од домовите за стари лица


Италијанските власти покренаа истрага откако речиси 200 луѓе  починаа во најголемиот дом за згрижување на стари луѓе во Милано.Полицијата ги собра сите  документи поврзани со домот Пио Алберго Тривулзио од седиштето на регионалната влада на Ломбардија, а претходно беа собрани и досиејата од домот за нега од надлежните. Иако нема официјални бројки за тоа колку […]