Американците на протест: Забрана за собири со повеќе од 50 луѓе, а се собраа 2.500


Ширум САД во неделата се одржаа протести против мерките за сузбивање на корона вирусот кои подразбираат останување дома.

Гувернерите на сојузните држави го оспорија тврдењето на претседателот Доналд трамп дека има доволно тестови за корона вирусот и дека треба брзо да ја отворат економијата.

Во главниот град на државата Вашингтон, Олимпја, на улиците излегоа околу 2.500 луѓе, покрај забраната за собири од повеќе од 50 луѓе, протестирајќи против наредбите на демократскиот гувернер Џеј Инсли за останување дома.

Многумина не носеа маски, покрај повиците на организаторот и препораките на здравствените работници, пренесе Ројтерс.

Во Денвер се собраа стотици луѓе барајќи крај на блокадите, додека здравствените работници одржаа контрапротест.

Демонстрации против мерките за сузбивање на корона вирусот оджани се и во тексас, Висконсин, Охајо, Минесота и Вирџинија.

Мерките за останување дома, кои, според наводите на стручњаците се клучни за успорување на ширењето на вирусот, зададоа тежок удар на американската економија, а само минатиот месец повеќе од 22 милиони Американци аплицираа за помош за невработени.