Израелците протестираа против власта оддалечени на два метри


Повеќе од 2.000 Израелци стоеја вчера  на  два метри оддалеченост еден од друг на плоштадот Рабин во Тел Авив  во знак на протест против она што го сметаат за ерозија на демократијата во време на корона вирусот од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Хаарец.

Демонстрациите „Црното знаме“, кои започнаа во март, се одговор на строгите политики за коронавирусот кои вклучуваат следење на телефоните на цивилите. Полицијата обележа места на теренот каде што можеа да стојат демонстрантите, а од организаторите се бараше да им обезбедат  на учесниците маски, забележува Хаарец.

Фотографиите од протестот го обиколија целиот свет.