Корона вирусот направи масовни умиралишта од домовите за стари лица


Италијанските власти покренаа истрага откако речиси 200 луѓе  починаа во најголемиот дом за згрижување на стари луѓе во Милано.Полицијата ги собра сите  документи поврзани со домот Пио Алберго Тривулзио од седиштето на регионалната влада на Ломбардија, а претходно беа собрани и досиејата од домот за нега од надлежните. Иако нема официјални бројки за тоа колку жители во домот починале од коронавирус, италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека станува збор за над 190 смртни случаи во текот на март и првата половина на април.

Тривулзио е еден од најголемите домови за пензионери во Европа, кој згрижува повеќе од 1.000 стари лица. Неговиот управител во моментот е под истрага во врска со тврдењата за небрежност при преземање на мерки на претпазливост.

Околу 200 членови на персоналот на домот за нега исто така биле заразени со коронавирус. Околу 600 други домови за нега низ цела Италија моментно се наоѓаат под истрага.

„Тривулзио не е единствениот случај. Чекаме на заклучоците на истражителите“, рече италијанскиот заменик министер за здравство Пјерпаоло Силери.

Во цела Европа коронавирусот ги направи уште потивки тивките ходници на  домовите за нега на стари лица, претворајќи ги во места на тага и изолација. Одделени од роднините поради стравот да не им се пренесе болеста, некои пензионери стравуваат од смрт од осаменост.

„Ако затвореноста и мерките потрајат уште неколку месеци, би можеле да изгубиме повеќе жители на осаменост отколку на ковид “, вели  Шарли Дојин, медицинска сестра во домот за стари лица „Кристалејн„ непосредно пред Брисел.

Во овој домот веќе имаше 13 смртни случаи меѓу 120 жители откако Белгија прогласи национална блокада кон средината на март – повеќе од два до три отколку вообичаено. Не сите жртви се припишуваат директно на епидемијата, бидејќи тестирањето е ограничено.Но, од 5.453 официјални смртни случаи на коронавирус во Белгија, 2.772 биле во домови за пензионирање, што значи дури половината!.

Без повеќе тестови, невозможно е да се знае кога ќе биде безбедно за старите луѓе повторно да примаат посетители, па дури и да ги напуштат своите соби за да се дружат во заеднички салони и простории за јадење.

„Помина еден месец откако тие се заглавени во своите спални соби. Крајно време е да ја отвориме кантината“, вели Дојин.

Долгогодишниот жител Марк Парментиер (90) не може да ја сокрие својата тага.

„Тешко е да не можеш да видиш никого. Да бидеш сам. Се плашиш од најлошото во моменти како овие“, рече тој.„Пред тоа, излегував, одев кај пријатели, го поминував времето. Сега навистина сме  заклучени, како што велат тие“.

Домот не сака да ризикува каква било „реинфекција“ што може да погоди повеќе кревкижители, без оглед што на сточлениот персонал  сега му е дадена заштитна опрема.Отпрвин, велат тие, се чувствувале заборавено од надлежните, бидејќи ретките резерви на маски и визири им биле дистрибуирани на вработените во болниците пред да дојдат до домовите.Дури и доцното пристигнување на заштитната опрема беше горчлив-сладок успех. Збунетите и исплашени стари луѓе имаат проблем да ги  препознаат негуватели со маски на лице, а поради лошиот слух не можат да им читаат повеќе од усните.

„Плачам пред да заспијам, прашувајќи:Боже мој, кога ќе заврши ова? “, вели 90-годишниот пензионер.

Наредните три седмици, Белгија се надева дека ќе има резултат од 210.000 комплети за тестирање за корона вирусот, дистрибуирани од 15 април во 1.500 пензионерски домови.После тоа, животот може да почне да се враќа.