Вознемирувачко видео: Приведени лицата кои тепаат девојче во Штип


Видео со вознемирувачка содржина е поставено на социјалните мрежи и тоа од две момчиња во Штип, каде се гледа како тепаат девојче. Од она што може да се слушне од видеото, наводно девојката е бремена од едниот од напаѓачите, а тој ѝ се заканува. Таа седи во ќош, а тој со клоци ја удира по […]

Принцот Алберт од Монако излезе од изолација


Монако- Принцот Алберт од Монако, кој беше позитивен на коронавирусот, излезе од изолација, по препорака на лекарите. „Уште малку кашлам, што е нормално. Немам веќе треска, “ изјави монархот. Контактот со останатите членови од семејството, сопругата и двете деца, и понатаму ќе бидат сведени на минимум. Монако има 11 потврдени случаи на коронавирус со нула […]

Епидемија или Че Гевара револуција?


Откако почна лицитацијата со предлозите како да се спаси македонската економија,  многумина не сфатија која е црвената линија на државата во однос на буџетот и на приватниот сектор   СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Барањата за справување со економската криза поради корона вирусот почнуваат да наликуваат на Че Гевара револуција. Последното од низата популистички додворувања е предлогот на […]

Вијести: РТЦГ ги отпушти сите хонорарци


Јавниот сервис на Црна Гора, во ситуација на епидемија на коронавирус, заклучно вчера ги отпушти сите вработени кои имале статус на хонорарни соработници, објави подгоричкиот весник „Вијести“. Генералниот директор на Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ) Божидар Шундиќ го известил менаџментот дека од вчера во Јавниот сервис нема да работат хонорарци. Шундиќ во дописот навел дека […]

Словенија тестира за десет минути, најмногу тестирања по глава на жител


Здравствениот дом во Копер е првиот што воведува таканаречено мобилно тестирање на луѓето за корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според лекарите, главната предност на ваквото тестирање е што за три пати се намалува времето на траење на процедурата за тестирање за корона вирусот. Со новиот систем, пациентот прво телефонски се јавува, а […]

Исмаили: Институциите од областа на културата со онлајн програма


Министерот за култура Хусни Исмаили преку видеопорака во која информира за онлајн програмите на националните институции од областа на културата, ја повикува јавноста да ги следи препораките на Владата на Република Северна Македонија во борбата против ширењето на коронавирусот и да остане дома. Министерот Исмаили посочува дел од содржините кои јавноста може да ги проследи […]

За три недели во Шпанија без работа останале 900.000 луѓе


Речиси 900.000 работници во Шпанија останаа без работа од 12 март досега, кога во земјата се воведени мерки против ширење на новиот коронавирус, вклучувајќи ја и забраната за движење. Вкупно 898.822 работници ги загубија своите работни места од 12 март, покажуваат статистичките податоци. Повеќе од половина од отпуштените биле работници на определено време. Во Шпанија […]

Спасовски: Владата не може да посегне по парите во Вториот пензиски столб


Владата не може да посегне по Вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. -Не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства.  Тоа е исто како сега да кажете сите кои имаат штедни влогови […]

Сомнежи во ефикасноста на маската ФФП2 за лицата со брада


Од Универзитетската болница во Нанси,  една од најдобрите болници во Франција, доаѓа предупредувањето за можната неефикасност на маската ФФП2 за лицата со брада, јави дописникот на МИА. -Носењето брада ја прави маската ФФП2 неефикасна, вели Сирил Махие, секретар на синдикатот „Форс Увриер“ при универзитетската болница во Нанси. Прашањето беше покренато за време на еден од […]

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба


Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една […]

Товарен воз се излизга од пругата меѓу Миравци и Клисура, нема повредени


Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излизгал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени. Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес. Полицијата врши увид на местото […]

Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде


Кинескиот град Шенжен го забрани јадењето кучиња и мачки, како дел од справувањето со трговијата со диви животни уште од доаѓањето на новиот коронавирус. Научниците се сомневаат дека коронавирусот бил пренесен на луѓето од животни. Некои од најраните инфекции биле пронајдени кај луѓе изложени на пазарот за животински свет во центарот на Вухан, каде биле […]

МЗ: И во пикот за сите пациенти ќе има место во болниците


Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на месецов, соопшти Министерството за здравство. Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети располага ГОБ „8 […]

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати


Свечените литургии за време на неделата пред Велигден, во црквите ќе се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати, одлучи Светиот синод на Грчката православна црква по вчерашниот повеќечасовен состанокот одржан телеконференциски и ги повика сите да се придржуваат кон „упатствата на здравствените власти и научниците и да не бидат […]

Корона вирусот стигна и во Амазонија


Жена од домородските племиња кои живеат длабоко во прашумите на Амазон е заразена од новиот вирус. Тоа е прв случај регистриран во повеќе од 300 племиња во Бразил, изјави  министерот за здравство Сесаи во средата. „Жена на возраст од 20 години од племето Кокама е позитивно тестирана за вирусот во близина на границата со Колумбија“, […]

„Плодност“: Тројца се позитивни на корона вирус – дајте сите да се тестираме


Болницата „Плодност“ од Битола, каде што беа детектирани заразени од коронавирус, на својот профил на „Фејсбук“ го цитираше д-р Таше Трпчевски, директор на болницата, кој што потврди дека од болницата има тројца позитивни со Ковид-19, и побара целата клиника да биде тестирана, но од Институтот за јавно здравје не сакале. Трпчевски му порача на министерот […]

Пандемијата овозможи увид во она што не чека со климатските промени


  Пандемијата од корона вирусот овозможи увид во типот на глобални здравствени закани кои ќе се појават како што планетата станува потопла, а начинот на кој се бориме може да влијае и на соочувањето со климатските промени, рекоа здравствените стручњаци на Светскиот Скол форум за општествено претприемаштво. „Со ковид 19 може подобро да ја увидиме […]

Заострени мерките во Вашингтон, Мериленд и Вирџинија


Американските сојузни ддржави Вашингтон, Мериленд и Вирџинија воведоа поригорозни мерки со цел да ја сузбијата пандемијата од новиот коронавирус на територијата на САД. Мерката предвидува граѓаните да не ги напуштаат домовите, но во исто време не им е забрането да одат во продавници по основните прехранбени и медицински артикли, како и да се рекреираат. Со […]

Димитров ќе ја претставува Македонија во НАТО како полноправна членка


По покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, првпат ќе ја претставува Македонија како полноправна земја членка на НАТО на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на министри за надворешни работи. Поради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на […]

Дутерте ќе пука во секој што прави неволји?


Претседателот на Филипини Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе ѝ нареди на полицијата и војската да го убијат секој „кој прави неволји“ во тек на карантинот. „На сите ова да ви биде предупредување – слушајте ја владата, сега најважно е во земјата да владее ред“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата емитувано на телевизија, […]