Пандемијата овозможи увид во она што не чека со климатските промени


 

Пандемијата од корона вирусот овозможи увид во типот на глобални здравствени закани кои ќе се појават како што планетата станува потопла, а начинот на кој се бориме може да влијае и на соочувањето со климатските промени, рекоа здравствените стручњаци на Светскиот Скол форум за општествено претприемаштво.

„Со ковид 19 може подобро да ја увидиме итноста од тоа, отколку со влијанието на климатската криза“, вели Мандип Даливал, директорка за ХИВ, здравје и развој во Развојната програма на Обединетите нации, пренесе Ројтерс.

Зголеменото уништување на шумите и ширењето на земјоделството доведуваат до климатски промени и луѓето се во поблизок контакт со болести од диви животни, вели Даливал.

Американските центри за контрола и превенција на болести наведуваат дека пандемијата од корона вирусот потекнала од лилјаците, а раните инфекции се поврзани со големите пазари на живи животни во кинескиот град Вухан.

Заканите по белите дробови како што е загадувањето на воздухот, предизвикано од употребата на фосилните горива кои исто така ги придвижуваат климатските промени, ги прават луѓето поранливи на респираторни болести како корона вирусот, вели Даливал.

Ако не се занимаваме со основните фактори пандемијата ќе биде подеструктивна – од недостаток на подготвеност до недоволно финансирање и кревкиот здравствен систем – а светот непрестано ќе лута од епидемија до епидемија, предупредува таа.

Но Лиз Диболд, од калифорниската фондација Скол, која ги поддржува општествените промени и претпријатија, вели дека вирусот понуди некои позитивни лекции за климатска акција.

„Ковид 19 нависните на покажа дека, кога човештвото ќе се обедини околу една заедничка цел. феноменално брзи промени се можни“, вели таа, наведувајќи дека се можни и во навидум нерешливи проблеми.