Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде


Кинескиот град Шенжен го забрани јадењето кучиња и мачки, како дел од справувањето со трговијата со диви животни уште од доаѓањето на новиот коронавирус.

Научниците се сомневаат дека коронавирусот бил пренесен на луѓето од животни. Некои од најраните инфекции биле пронајдени кај луѓе изложени на пазарот за животински свет во центарот на Вухан, каде биле продaвани  лилјаци, змии и други животни.