Исмаили: Институциите од областа на културата со онлајн програма


Министерот за култура Хусни Исмаили преку видеопорака во која информира за онлајн програмите на националните институции од областа на културата, ја повикува јавноста да ги следи препораките на Владата на Република Северна Македонија во борбата против ширењето на коронавирусот и да остане дома. Министерот Исмаили посочува дел од содржините кои јавноста може да ги проследи преку јутјуб каналите на институциите или преку нивните фб профили, и на тој начин квалитетно да исполни дел од своето време дома, и да придонесе против ширењето на вирусот.

Обраќањето на министерот Исмаили можете да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/videos/2738490352915591/