Македонските каратисти со медал се враќаат од СП во Чиле


Македонскиот каратист Бојан Костов го освои третото место и бронзениот медал на 11. Светско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа од 23 до 27 октомври во Чиле. Костов во категоријaта -52кг повторно до медал дојде по победите над натпреварувачи од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето …

Македонските каратисти со медал се враќаат од СП во Чиле Read More »

Едно загинато и едно потешко повредено лице во сообраќајки во Скопје


Еден возач на трактор загинал, еден возач на мотоцикл е тешко повреден, а девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои …

Едно загинато и едно потешко повредено лице во сообраќајки во Скопје Read More »

Германскиот придонес кон ЕУ буџетот би можел да биде двојно поголем


Ако биде усвоен предлогот на Европската Комисија за укинување на принципот на попуст, придонесот на Германија кон буџетот на ЕУ би се зголемил од 15 милијарди евра на 33 милијарди во 2027, анализираат германските експерти. Дебатата за повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 не донесе резултати на минатиот ЕУ Самит, …

Германскиот придонес кон ЕУ буџетот би можел да биде двојно поголем Read More »

Најстудено во Берово, минус два, денеска температура до 26 степени


Во Берово утринава се измерени -2 степени, додека во останатите градови во државата утринските температури се сеуште над нулата. Најтопол град е Крушево каде утрово се измерени 11 степени. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во Петровец кај Скопје, Битола, Струмица и Тетово измерени се 0 степени, 2 степени во Маврово и Демир Капија, …

Најстудено во Берово, минус два, денеска температура до 26 степени Read More »

Нов изборен модел полесно ќе помине во ДИК отколку кај партиите


Нова средба на работните групи на партиите за измена на Изборниот законик се најавува до крајот на оваа седмица, за да се усогласат ставовите пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во април следната година. По подолга пауза, работните групи на власта и на опозицијата ќе се состанат во Министерството за правда, според информациите, предводени од …

Нов изборен модел полесно ќе помине во ДИК отколку кај партиите Read More »

Земјоделците протестираа и од арно


НАУМ КОТЕВСКИ Крајно несвојствено е да се гледа критички кон кој било протест на која било социјална група бидејќи по дефиниција тоа треба да е експлозија на незадоволство од политики на власта, јавен отпор кон методите за дехуманизација и држење на обичниот човек на маргините на општеството. И тој протест, без оглед што доаѓа од …

Земјоделците протестираа и од арно Read More »

Ноќ на вештерките во Белата куќа: Меланија Трамп како Џеки О.


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп , за Ноќта на вештерките со стилот потсеќаше на експрвата дама и стилска икона Џеки О, пишуваат американските весници. Со капут во есенски тонови, од кожен пачворк на американскиот дизајнер Мајкл Корс од 6 илјада долари, и салонки на Маноло Бланик, Меланија испиша уште една успешна модна страница. …

Ноќ на вештерките во Белата куќа: Меланија Трамп како Џеки О. Read More »

Ревија „Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ во Музејот на македонската борба


„Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ е насловена модната ревија што ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје. Настанот го организираат македонскиот велком центар „Добредојде“ и амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) која веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките …

Ревија „Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ во Музејот на македонската борба Read More »

Недела на современ јапонски филм во Скопје и Битола


Со играниот филм „Гласот на учителот“ во режија на Хиројуки Итаја од 2014 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворена 13. „Недела на современ  јапонски филм“ во организација на Амбасадата на Јапонија. Ќе бидат прикажани четири играни и анимирани филмови од сите жанрови и за сите возрасти, снимени од 2013 до 2016 …

Недела на современ јапонски филм во Скопје и Битола Read More »

Заев во Рим на средба со Конте и во Брисел на проштална вечера со Могерини


Премиерот Зоран Заев денеска во Рим ќе има средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан. Заев е во посета на Рим …

Заев во Рим на средба со Конте и во Брисел на проштална вечера со Могерини Read More »

Заев и Филипче ќе го посетат реновираниот дел од Клиниката за гастроентерохепатологија


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство денеска ќе ја посетат Клиниката за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Заев и Филипче во придружба на директорката Калина Гривчева Старделова, ќе направат обиколка на реновираниот дел од Клиниката за гастроентерохепатологија.

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“ за 3,35 милиони евра


Одборот на директори на „Фершпед” АД Скопје донел одлука за продажба на винаријата „Сковин” АД Скопје каде е сопственик на мнозински дел од акциите. Компанијата преку Македонската берза соопшти дека се предвидува продажба на недвижниот и подвижниот имот на винаријата, пренос на трговските марки, како и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижностите кои се …

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“ за 3,35 милиони евра Read More »

Акција за подигнување на свеста за ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените


Подигнување на свеста за ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените е целта на акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје”, што вечер ќе ја промовираат Универзитетската клиника за кардиологија, Здружението на матични и семејни лекари и Центарот за семејна медицина, а во рамки на одбележувањето на 29 Октомври, Светски ден на срцето. На промоцијата на …

Акција за подигнување на свеста за ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените Read More »

Денеска сончево и топло до 26 степени, од утре заладување и дожд


Времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а  дневната од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во среда облачноста ќе се …

Денеска сончево и топло до 26 степени, од утре заладување и дожд Read More »

Пожари во Лос Анџелес, евакуирани и Шварценегер и Леброн Џејмс


САД – На повеќе места во Калифорнија и натаму беснеат пожари заради што во оваа сојузна американска држава е прогласена вонредна состојба, а меѓу десетиците илјади евакуирани се и холивудскиот актер и поранешен гувернер, Арнолд Шварценегер, и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс. Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако …

Пожари во Лос Анџелес, евакуирани и Шварценегер и Леброн Џејмс Read More »

Метју Палмер денес во Скопје


Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денес ќе престојува во работа посета на Македонија. Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров. Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи …

Метју Палмер денес во Скопје Read More »

Почина светскиот дисидент Владимир Буковски


Англија – Владимир Буковски, истакнат дисидент и руски борец за човекови права, почина на 77-годишна возраст, во болница во Кембриџ. – Буковски почина синоќа од срцев удар по долг период боледување, во Кембриџ, Англија, каде што живееше кога беше депортиран од Советскиот Сојуз во 1976 година, соопшти Центарот „Буковски“ на својата веб-страница. Центарот, со седиште во …

Почина светскиот дисидент Владимир Буковски Read More »

Европол: Уапсени 18 лица поради трговија со тутун


Холандија– Властите во седум европски земји разоткрија меѓународна организирана криминална група вклучена во нелегална трговија со цигари, соопшти денеска Европол. Како што се наведува во соопштението, уапсени се 18 лица од различни националности, осомничени за перење пари, нелегална трговија и складирање на околу 670.000 килограми тутун. Европол наведува дека биле спроведени 29 истраги во Италија, …

Европол: Уапсени 18 лица поради трговија со тутун Read More »

Најбогатиот Французин во поход на САД : Арно сака да ја купи „Тифани“


Франција – Сопственикот на „Луј Витон“, ЛВМХ, ѝ се приближи на компанијата „Тифани и Ко“ со понуда за аквизиција од 14,5 милијарди американски долари, велат луѓето запознаени со ова прашање, во време кога американскиот луксузен накит се справува со влијанието на тарифите врз неговиот извоз во Кина. Компанијата ЛВМХ, која со години бара начини да …

Најбогатиот Французин во поход на САД : Арно сака да ја купи „Тифани“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Време е да застанете и да ги одбраните своите позиции: поедноставете ги работите и вратете си ја насмевката. Слободни, независни и среќни, ништо не може да ви застане на патот и ќе го добиете саканото внимание. Не се форсирајте и не губете енергија расфрлајќи ја на повеќе страни. Одморете малку. БИК: Подигнете го својот …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »