Метју Палмер денес во Скопје


Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денес ќе престојува во работа посета на Македонија.

Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евроатлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.