Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Време е да застанете и да ги одбраните своите позиции: поедноставете ги работите и вратете си ја насмевката. Слободни, независни и среќни, ништо не може да ви застане на патот и ќе го добиете саканото внимание. Не се форсирајте и не губете енергија расфрлајќи ја на повеќе страни. Одморете малку.

БИК: Подигнете го својот пехар да прославите, бидејќи минувате низ една силно креативна фаза: вашите емоции се под контрола и имате неверојатна мудрост во соочување со секојдневието. Поставете јасни граници и изразете го своето мислење: уверувањата се менуваат и се здобивате со поголема слобода и слава.

БЛИЗНАЦИ: Во вашиот живот влегува некоја топла, страсна и трпелива личност, која што има силна ментална и физичка сила: сега разбирате на кој начин може најлесно да постигнете респект. Разговорите се обоени со длабоки и интензивни бои, кои што ќе ви донесат интуитивни увиди и реализации. Обрнете внимание на диетите.

РАК: Блокадите остануваат во минатото и сега повторно ја анимирате својата внатрешна сила и правите нови конструкции: ако постојат луѓе кои што не ви мислат добро, денес ќе успеете да се справите со нив. Можеби ќе треба да дадете некоја ситна донација или, пак, самите ќе заработите нешто настрана.

ЛАВ: Првите инвестиции се направени и денес продолжувате со истото темпо: соработувајте со тимот и откријте дали нешто треба да се коригира. Се јавува шанса за промоција, затоа останете будни за секоја шанса и информација: минувате низ поволен период во кој што ќе ги разработите своите таленти.

ДЕВИЦА: Вашето срце е бранувано од убави струи: расположени за забава, љубов и романса, треба да внимавате и да не претерате со храната, пијалоците или тајните врски. Направете одржлива финансиска шема и не инвестирајте сѐ што имате во една единствена цел: верувајте ѝ на сопствената оригиналност. Успех!

ВАГА: Натпреварот на суети повеќе не ви годи: иако реално никој не е повреден, едноставно ова не е темпото на вашиот живот. Најдете време за себе и медитација и откријте ги своите најдлабоки потреби: бидете спонтани и слободни. Не ограничувајте се на еден единствен импулс: погледнете ги фактите.

СКОРПИЈА: Моќни, возбудливи и мотивирани, внимавајте да не претерате во своите напори: можен е колапс и покрај вашите најдобри намери. Запрашајте се што ви ја краде енергијата и предизвкува опсесивно однесување: можеби сакате сѐ, а тоа го сакате веднаш, што го нарекуваме инстант гратификација. Зарем сте дете?

СТРЕЛЕЦ: Можеби ќе бидете тажни, особено ако некој ви се пожали дека е болен: не ѝ дозволувајте на имагинацијата да ви го наруши мирот. Останете лежерни, мудри, исконтролирани и ќе успеете да им помогнете да го најдат сопствениот лек. Ако појдете некаде на пат, облечете се добро и заштитете ја главата. Лојалност.

ЈАРЕЦ: Ви се презентираат можности со кои што ќе ја докажете својата компетентност: ова е време на его игри, но верувајте дека ќе успеете да ја вратите контролата во својот живот. Дајте си време и простор за да се изразите онака како што треба и покажете ја силата на својот идентитет. Ставете се на прво место денес.

ВОДОЛИЈА: Од вистината не се бега: можете да препливате океани и мориња, да се криете и да трчате, но сепак ќе научите дека слободата не е резултат на компромис. Без оглед колку се чувствувате лимитирани, имате храброст да носите судбински решенија: потпрете се на своето искуство и напуштете го бродот. Разбудете се!

РИБИ: Ако некој си игра со вашите емоции, покажете му каде е вратата: ако пак вие треба да се сокриете, не чекајте ниту еден момент повеќе! Верувајте дека имате сила за нови креативни ангажмани и напуштете го лошото друштво. Уживате во силните семејни врски и среќата која што ја произведуваат: интимата се продлабочува.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]