И Македонија и Албанија ќе бидат одговорни за Охрид


УНЕСКО даде уште една шанса Охридскиот Регион да не се најде на листата на загрозени светски наследства. Одлуката беше донесена на вчерашната седница на УНЕСКО во Баку, Азербејџан. Земјите членки на Комитетот имаа различни гледишта за предлогот дали Охридскиот Регион треба да биде на листата на загрозени или не, но на крајот се сложија да …

И Македонија и Албанија ќе бидат одговорни за Охрид Read More »

Премиерот Заев од Познањ се враќа со 43 милионски грант и политички охрабрувања


Премиерот Зоран Заев на вчерашниот Самит за Западен Балкан кој се одржи во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, порача дека се враќа со поголеми гаранции во однос на добивањето датум за преговори, како и со грант од 43 милиони за три значајни инфраструктурни проекти. Заев, кој вчера оствари билатерална средба со францускиот премиер, Едуар …

Премиерот Заев од Познањ се враќа со 43 милионски грант и политички охрабрувања Read More »

Министерот Исмаили го отвори Фестивалот на стилизирани песни и ора „Кенге Јехо“ во Струга


Развојот на една нација се мери преку културните настани и токму овој фестивал, кој со години ги пренесува албанските традиционални и културни вредности, е еден од најзначајните за градот Струга, рече министерот за култура Хусни Исмаили вчера на отворањето на 28. издание на Меѓународниот фестивал на стилизирани песни и ора на албанскиот народ „Кенге Јехо“. – …

Министерот Исмаили го отвори Фестивалот на стилизирани песни и ора „Кенге Јехо“ во Струга Read More »

Брегу побара од Западен Балкан „Шенген“ механизам за слобода на движењето


Механизам сличен на Шенген од државите на Западен Балкан побара генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, укажувајќи дека недоволно се експлоатираат можностите за регионалната соработка. -Граѓаните на Западен Балкан треба слободно да се движат со лична карта, а регионот треба да ги отстрани структурните пречки за трговија и инвестиции. Време е во …

Брегу побара од Западен Балкан „Шенген“ механизам за слобода на движењето Read More »

Заклучоци од Самитот во Познањ


Во документот Финални заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ, е запишано дека лидерите учесници на самитот го поздравија претстојното прво заедничко претседателство на Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2020 година. Копретседавањето со Берлинскиот процес, како платформа за европски дијалог, соработка и поддршка на проширувањето, е важен симбол за поголема сопственост на …

Заклучоци од Самитот во Познањ Read More »

Бр. 452


Ана Павловска-Данева – Кога инспектори избираат професори Дури сега доаѓа пеколот Заев побара датум од францускиот премиер Борисов го фали Пендаровски за Гоце Делчев “Kако сте господине Камчев?” Ни куче не лае во “Македонско село”

Мадуро ја повика опозицијата на дијалог


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја повика опозицијата на дијалог со цел да се постигне национално помирување. -Го повторувам мојот повик за национален дијалог, заради мирот. Следната недела ќе имам добри вести за резултатите од нашите преговори. Продолжувам да инсистирам на воспоставување постојано тело за мировен дијалог, рече Мадуро,. Тој повика на мир и национално единство. …

Мадуро ја повика опозицијата на дијалог Read More »

Мијалков за новинарката е „телефонистот“, за Камчев е „пријателот“


Поранешните блиски пријатели, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се соочија во судница: Камчев како сведок на Специјалното јавно обвинителство, а Мијалков како обвинет во случајот „Тортура“ за нечовечкото апсење на поранешниот министер Љубе Бошкоски. Сепак, нивните погледи во судница не се сретнаа ниту еднаш, а Камчев пред судиите и обвинителите …

Мијалков за новинарката е „телефонистот“, за Камчев е „пријателот“ Read More »

Сибир: Во поплавите 22 загинати и над 400 повредени


Повеќе од 400 лица се хоспитализирани со повреди од поплавите што го погодија регионот Иркутск на југоисток од Сибир, изјави денеска рускиот заменик-министер за вонредни состојби Павел Беришев. До петок попладне, беа пријавени 22 смртни случаја, додека 15 лица се исчезнати. -За жал, 22 лица загинаа, 410 се хоспитализирани, а медицинска помош беше обезбедена во …

Сибир: Во поплавите 22 загинати и над 400 повредени Read More »

Стејт департмент: ОН обелоденија една од најзагрижувачките статистики за безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела


САД ја изразуваат својата загриженост поради грубо нарушените човекови права и насилствата наведени во извештајот за човекови права на ОН, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент. -Извештајот ја прикажува длабочината на безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела. Потврдува дека режимот на Николас Мадуро и неговите бандити грубо ги нарушуваат човековите права на …

Стејт департмент: ОН обелоденија една од најзагрижувачките статистики за безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела Read More »

Борисов го пофали Пендаровски за ставот за Гоце Делчев


Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, сепак, остварија топла средба во рамки на самитот за Западен Балкан во Познањ (Полска), и покрај заладената комуникација во последните неколку седмици околу заедничкото чествување на Гоце Делчев. Заев, како што пренесуваат медиумите, на шега му дофрлил на бугарскиот колега дека, и покрај …

Борисов го пофали Пендаровски за ставот за Гоце Делчев Read More »

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Калифорнија, има повредени


Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти.   Епицентарот на земјотресот беше во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри. Новиот потрес ги оштетил патиштата во тој дел од Калифорнија. Директорката за …

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Калифорнија, има повредени Read More »

Викенд хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?


  ОВЕН: Имате јасно дефинирани цели, кои може да не се одвиваат според првичната замисла: тоа не е причини да реагирате екстремно, туку да побарате помош и утеха од некој пријател. Подгответе се да се соочите со своите сенки и не плашете се од иднината: оние што се искачуваат и боговите има пружаат раце. Верувајте …

Викенд хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите? Read More »

На Алјаска рекордна температура од 32 степени


Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени. Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба. Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.

Тереза Меј очекува земјава да добие датум за почеток на преговорите


Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Познањ, ја поздрави препораката на Европската комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ. Меј го информираше Заев и дека …

Тереза Меј очекува земјава да добие датум за почеток на преговорите Read More »

Северна Македонија со најдобар свој рејтинг во ЕХФ


Северна Македонија во машка категорија, според најновата клупска ранкинг листа на ЕХФ, го оствари својот најдобар рејтинг на клупски план во ракомет, со што обезбеди загарантиран пласман во Лига на шампиони за 2020/21 година. Клупскиот ранкинг на Македонија е на третата позиција со 115 бодови, пред Македонија се Германија со 132 бода и Франција со 139 бодови. Македонија во сезоната 2020/21 загаратирано ќе има …

Северна Македонија со најдобар свој рејтинг во ЕХФ Read More »

Во Хрватска и БиХ уапсени повеќе луѓе, запленети 500 килограми дрога


Во Хрватска и БиХ во тек е голема полициска акција за разбивање криминална организација. Припадници на МВР на Хрватска пронашле и заплениле околу 200 килограми дрога сканк, а на подрачјето на Босна и Херцеговина припадници на СИПА пронашле околу 300 килограми наркотички средства. Во акциите се упасени повеќе лице, а некои од нив од претходно …

Во Хрватска и БиХ уапсени повеќе луѓе, запленети 500 килограми дрога Read More »

Шекеринска: Позитивни вести за НАТО ратификацијата


Вестите што доаѓаат за нашата НАТО-ратификација се позитивни, имаше голема загриженост околу процесот во Турција, но она што се случуваше во изминатите денови покажува дека навистина сите земји членки на Алијансата се согласни оти час поскоро треба да станеме земја членка на НАТО. Тоа сметаме дека е голем плус за сите нас, изјави вечерва министерката …

Шекеринска: Позитивни вести за НАТО ратификацијата Read More »

(ВИДЕО) Приведена мајката на убиениот Пино, поради нарушување на јавниот ред и мир


Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо,  е приведена попладнево во Полициската станица Беко, поради нарушување на јавниот ред и мир во центарот на Скопје. -Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не …

(ВИДЕО) Приведена мајката на убиениот Пино, поради нарушување на јавниот ред и мир Read More »