Викенд хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?


 

ОВЕН:
Имате јасно дефинирани цели, кои може да не се одвиваат според првичната замисла: тоа не е причини да реагирате екстремно, туку да побарате помош и утеха од некој пријател. Подгответе се да се соочите со своите сенки и не плашете се од иднината: оние што се искачуваат и боговите има пружаат раце. Верувајте си повеќе. Нови идеи.

БИК:
Избегнувајте нагли движења и агресија во областа на домот: точно, веќе долго време го губите фокусот на ова поле, но нема ништо да направите ако се борите со ветерници. Застанете на кратко и направете ретроспектива: што до сега успеавте да реализирате? Чекор по чекор освојувајте нови простори и дојдете до првичната замисла: останете трпеливи.

БЛИЗНАЦИ:
Можеби сметате дека не можете да побегнете од негативните елементи од својата непосредна околина: блокади на работното место, вашите уверувања и сигурност. Сфатете дека можете да се извлечете од целата ситуација, ако директно им се обратите на проблемите и се заштитите себеси на време. Најдобрата заштита е немањето на дилеми.

РАК:
Мирни и нежни, му дозволувате на својот дух да се занимава со работи кои го будат неговиот интерес: имате длабока надеж и љубов за блиските, како и верба во иднината. Сепак, сега ќе треба од нешто да се откажете или да ги оставите тајните во минатото: останете пасивни и дозволете им на работите да се одвиваат според сопствено темпо. Промоција.

ЛАВ:
Можеби ви е здодевно и не наоѓате причина да се насмеете, но викендот е одличен период за проучување: преку проширување на своите видици, ќе дојдете до нова платформа на размислување и ќе си помогнете да издржите дури и низ најтешките времиња. Останете решителни и не срамете се да прашате: мудри и искусни, веќе ги знаете одговорите.

ДЕВИЦА:
Планетите ве поддржуваат во тоа да се сетите што е она што ја храни вашата душа и да се соочите со личната вистина: преку комуникација ќе ги разрешите сите заплеткани јазли и ќе излезете како победник. Тоа е важен процес низ кој што мора да минете и кој што ќе ве донесе до важни увиди, без претерување. Успевате да балансирате. Среќа.

ВАГА:
Внимателно разгледајте како да ги подобрите животните услови: сè околу вас е во константно движење и сега е време да ги земете работите во своите раце. Се јавуваат нови опции, за кои што е добро да размислите пред да преземете нови задолженија: бидете силни и почекајте уште малку. Размислете за минатото и бидете отворени кон непознатото.

СКОРПИЈА:
Среќен период, но не земајте го здраво за готово: работите може да се сменат за миг: отворете ги очите и соочете се со реалноста, враќајќи ја вербата во својата интуиција и мудрост. Не ги одлагајте решенијата, бидејќи тие ќе се донесат и без вас, туку покажете ја својата вештина во некој важен проект, кој што ќе ѝ биде корисен на заедницата.

СТРЕЛЕЦ:
Имајте во предвид дека ова не е период кога ќе може да ја докажете својата поента: се чини дека сè се движи наназад. Колку повеќе се обидувате, толку повеќе ќе губите сила и ќе останете со празни раце. Сега е добро да собирате информации за непоредната иднина и да се одмарате: по три недели ќе дојдете до нови лекции. Насмејте се повеќе!

ЈАРЕЦ:
Кон што и да стремите, сега тоа не може да биде постигнато: адаптирајте се кон постоечката реалност и запознајте ги сопатниците подобро. Нивните карактери, желби и пасии. Не влегувајте во дебати и не аргументирајте, туку повлечете се на време. Ова се однесува и на бизнис сферата, затоа оставете им на космичките сили да го решат тоа на сопствен начин.

ВОДОЛИЈА:
Бидете отворени за сугестиите од страна на блиските и верувајте им повеќе, без оглед колку радикално ви се чини тоа: останете понизни и широкогради и ќе дојдете до саканиот просперитет и одлични резултати. Храбри и посветени, сега е добро да се потпрете на своите ресурси и да ја направите саканата трансформација во партнерските врски.

РИБИ:
Полека ги оставате сите ситници и глупости зад вас: ова е време кога имате сила да се соочите со својата потемна страна. Силно влијание од страна на некоја личност, која ќе ви помогне да ги унапредите своите проекти и личен живот: откријте ги своите мотиви поради кои одбивате подлабока инволвираност и дозволете му на времето да работи за вас.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]