(ВИДЕО) Приведена мајката на убиениот Пино, поради нарушување на јавниот ред и мир


Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо,  е приведена попладнево во Полициската станица Беко, поради нарушување на јавниот ред и мир во центарот на Скопје.

-Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, рекоа од МВР.

Според Трпковска, таа била приведена бидејќи извикувала „Македонија, Македонија“ кај Порта Македонија.