Непознат напаѓач во САД застрела две лица


Неидентификуван маж застрела две лица на автопат во американската држава Хјустон и во моментов се трага по него, соопшти полицијата. Припадниците на полицијата прво одговориле на повик за сообраќајна незгода, по што на местото на настанот е утврдено дека дошло до пукање од огнено оружје, при што се убиени две лица, пренесува Си-Ен-Ен. Исто така, …

Непознат напаѓач во САД застрела две лица Read More »

Димковски: Забраната за увоз на порибителен материјал не се однесува само на Косово


Забраната за увоз на порибителен материјал во земјава не се однесува само на Косово, туку и на сите држави кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. -Од Косово може да влегува свежа риба во …

Димковски: Забраната за увоз на порибителен материјал не се однесува само на Косово Read More »

Почна реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“


Екипите на Град Скопје денеска ги почнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Борис Сарафов“. Покрај улицата, во овој проект е предвидена и изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска војска“ до крстосницата со улицата „Сремски фронт“. Со овој проект целосно ќе се реконструира коловозот на улицата …

Почна реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“ Read More »

Стефанова: Камчев и Панделески се обидоа да влијаат врз предистрагата


Лиле Стефанова, јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, по објавувањето на снимки поврзани со случајот „рекет“, по кој излегоа многу шпекулации, денеска, во пишана изјава објаснува што се случувало. Еве ја изјавата на Стефанова: „Како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број на шпекулации, …

Стефанова: Камчев и Панделески се обидоа да влијаат врз предистрагата Read More »

Катица Јанева: За изјавата имаше оправдана причина


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по објавувањето на видеата поврзани со случајот „Рекет“, денеска со официјална изјава. Изјавата ви ја пренесуваме во целост: „Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“. Како Специјален …

Катица Јанева: За изјавата имаше оправдана причина Read More »

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија


Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај. Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на …

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија Read More »

„Зебрите“ навечер се бојат, дење не се гледаат


  Извалкани, избледени, избришани или непостојни, пешачките премини во Скопје ја зголемуваат опасноста за пешаците што преминуваат улици и булевари.Само во вчерашниот полициски билтен стои дека се санкционирани тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Непостоењето култура за преминување на улица дополнително ги загрозува животите на граѓаните. Санкционирани се пет возачи поради поминување на …

„Зебрите“ навечер се бојат, дење не се гледаат Read More »

Изгаснат и локализиран шумскиот пожар што избувна на стар пат село Бели – Пониква


Околу 9 часот изутринава е локализиран и изгаснат шумскиот пожар што избувна на локација стар пат село Бели – Пониква. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Општина Кочани заедно со Дирекцијата за заштита и спасување го координираше гаснењето на пожарот. – Запазена …

Изгаснат и локализиран шумскиот пожар што избувна на стар пат село Бели – Пониква Read More »

Поголема толеранција и надминување на предрасудите за намалување на делата од омраза


Предрасудите и нетолеранцијата се причина за криминалот од омраза и ниту едно општество не е имуно на ваквите влијанија. Поединечните појави на криминал од омраза во себе го носат зачетокот на потенцијални конфликти, затоа што можат да ескалираат и во однос на бројот на погодени лица и во однос на интензитетот на насилството, а кругот …

Поголема толеранција и надминување на предрасудите за намалување на делата од омраза Read More »

Речиси 400 нови смртни случаи од горештините во Холандија


Речиси 400 луѓе повеќе во однос на просечниот број смртни случаи починале во Холандија за време на неодамнешниот рекорден топлотен бран, соопшти денеска холандската статистичка агенција ЦБС. Во текот на третата седмица од јули, односно од 22 до 29 јули, во Холандија починале 2.964 лица, што е за околу 15 отсто повеќе смртни случаи за …

Речиси 400 нови смртни случаи од горештините во Холандија Read More »

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан. Во изјава за „Независен весник“, тој вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого. „Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да …

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани Read More »

Затворени две аптеки во Велес, издавале лекови без рецепт на уживатели на дрога


Две аптеки во Велес се затворени поради незаконско работење околу набавка и издавање лекови без рецепти на лица уживатели на дрога. Како што соопшти МВР, СВР Велес вчера во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство извршило претрес во две аптеки и дом, сопственост на …

Затворени две аптеки во Велес, издавале лекови без рецепт на уживатели на дрога Read More »

Гајсер на Фејсбук: Сакам да ги поттикнам добрите судии да ги истражат наодите


Со статус на својот фејсбук профил, во кој ги објаснува причините за објавување на видео снимките, словенецот Ларис Гајсер, го објави вториот дел од неговите написи за, како што вели, корупцијата во Македонија. На некој начин им се додворува на македонските граѓани и вели дека неговите намери се искрени, да поттикне борба против корупцијата и …

Гајсер на Фејсбук: Сакам да ги поттикнам добрите судии да ги истражат наодите Read More »

Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар


На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје. Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен …

Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар Read More »

Бр. 479


Звонко Давидовиќ – Должност, одговорност, отчетност Го одбив Карерас зошто се чувствувам добро во Скопје Камчев бил рекетиран или ни продава филм? Изгласан времен мораториум за градење во Охрид Државни пари само за нови коли Жената најдена во ќеса убиена поради љубомора

МТСП: Поради топлотниот бран се препорачува ослободување од работа на бремените жени и постарите лица


По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повика правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. -Согласно Акцискиот план за превенирање на …

МТСП: Поради топлотниот бран се препорачува ослободување од работа на бремените жени и постарите лица Read More »

Мицкоски до Заев: Дали уште сметаш дека Катица е добар човек со капацитет?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи по денешната нова снимка од случајот „Рекет“, во која, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева му вели на Орце Камчев да не се грижи, односно дека сѐ ќе биде во ред. „Што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги …

Мицкоски до Заев: Дали уште сметаш дека Катица е добар човек со капацитет? Read More »

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат


Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китарoвиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена. -Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот …

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат Read More »

Ливерпул и Норвич ја отвораат новата сезона во Премиер лигата


Секој љубител на англискиот фудбал веќе е во исчекување … По долгата летна пауза, едно од најатрактивните првенства во светот започнува нова кампања. Вечерва во 21.00 часот, Ливерпул го пречекува Норвич во првата битка во сезоната. Фудбалерите на Јирген Клоп ги наведнаа главите пред Манчестер Сити уште еднаш, откако беа поразени во битката за трофејот …

Ливерпул и Норвич ја отвораат новата сезона во Премиер лигата Read More »

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“


Вчера почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ на земјоделците од Велес, Чашка и Градско, кои се во вкупна вредност од околу шест милиони денари. Преку оваа мерка, и институциите и земјоделците се приспособуваат кон земјоделската политика на ЕУ, а на сметките на 55.000 земјоделци во Македонија се враќаат околу 200 милиони денари …

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“ Read More »