Хороскоп: што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате вашите пехари да се исполнети со среќа, ќе треба да го надминете резервираното однесување и решително да работите на клучните работи во својот живот: заедничките финансии и партнерства. Бидете дискретни и не разговарајте јавно за она што го планирате: оставете нека ве води искуството! БИК: Упатете се кон нова цел, мижејќи на …

Хороскоп: што велат ѕвездите за денес Read More »

Мицковски: Искрено посакувам безусловен датум за преговори со ЕУ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва во интервју за телевизија 24 изјави дека искрено посакува државата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската унија. Рече дека како партија ќе работат кај сестринските партии навистина тоа да се случи и државата да добие безусловен датум. Доколку датумот биде условен, тогаш, како што рече, тоа …

Мицковски: Искрено посакувам безусловен датум за преговори со ЕУ Read More »

Трамп со провокација ја повика Хилари да се вклучи во претседателската трка


Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година. – Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов. Тој истакна дека „нечесната …

Трамп со провокација ја повика Хилари да се вклучи во претседателската трка Read More »

Иса Мустафа најави разговор со Албин Курти за постизборна коалиција


Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа најави вечерва дека наскоро ќе има средба со лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти со цел да разговараат околу можноста за формирање постизборна коалиција. По преброени 100 отсто од редовните гласачки ливчиња, Движењето „Самоопределување“, како првопласирана партија на предвремените парламентарни избори во Косово, води со околу 5.000 …

Иса Мустафа најави разговор со Албин Курти за постизборна коалиција Read More »

Официјално: Џампаоло веќе не е тренер на Милан


Марко Џампаоло е разрешен од функцијата тренер на фудбалскиот клуб Милан. „Росонерите“ вечерва официјално ја објавија разделбата со човекот кој неуспешно го водеше тимот сезонава. Смената на Џампаоло се најавуваше неколку дена и не е изненадување, туку само се чекаше кога ќе биде дефинитивна. Од Милан му се заблагодарија за досегашната работа и му посакаа …

Официјално: Џампаоло веќе не е тренер на Милан Read More »

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено


Мислењето за Законот за употребата на  јазиците во Република Северна Македонија на Венецијанска комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот …

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено Read More »

Еурофарм Работник убедливо поразен од Мешков, но Платформа за ракометна Битола е во прв план


Ракометарите на Еурофарм Работник поразени се од Мешков Брест со 31:22,  полувреме  19:12 во СЕХА лигата, но празот е во сенка на денес промовираната Платформа за ракометна Битола која в четврток се очекува да биде изгласана од Советот на Општина Битола. Тимот на битолските „фармацевти“ поладнево во Белорусија играше без најефикасните бекови Стјепановиќ и Јотиќ кои се повредени, …

Еурофарм Работник убедливо поразен од Мешков, но Платформа за ракометна Битола е во прв план Read More »

Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија, Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција, соопштија денеска авганистански безбедносни извори. Би Би Си објави дека Умар, кој бил шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален …

Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија Read More »

Меси и Роналдо по Брегзит нема да смеат да стапнат на Островот


Некои од најдобрите светски фудбалери, како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Диего Коста, Марсело, и нивните клубови, би можеле да имаат голем проблем доколку после излегувањето на Велика Британија од Европската унија, треба да играат со тим од Англија. Кон крајот на месецов се очекува Велика Британија да излезе од ЕУ, а сите фудбалери кои имаат …

Меси и Роналдо по Брегзит нема да смеат да стапнат на Островот Read More »

Преживеа пилотот на урнатиот американски авион Ф-16 во Германија


Пилотот на американскиот борбен ловец Ф-16 Фалкон, што денеска се урна во југозападна Германија, преживеал и минал со мали повреди, јави ДПА. Американскиот борбен авион се урна околу 3 часот попладнево за време на рутински тренажен лет, се наведува на сајтот на авиобазата „Спангдахлем“, во која авионот бил стациониран. -Пилотот безбедно се катапултирал и минал …

Преживеа пилотот на урнатиот американски авион Ф-16 во Германија Read More »

Шекеринска: Силна поддршка од Романија за почеток на пристапните преговори со ЕУ


Романија е активен поддржувач на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, беше потврдено на денешните средби на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со романската премиерка Виорика Данчила и со министерот за национална одбрана Габриел Бениамин Леш во Букурешт. – Северна Македонија со право очекува следната недела да …

Шекеринска: Силна поддршка од Романија за почеток на пристапните преговори со ЕУ Read More »

Туск до Џонсон: Ова не е некоја глупава игра


Европската унија ја обвини Велика Британија дека игра „глупава игра на обвинување“ околу Брегзит, откако извор во Даунинг стрит соопшти дека договор за излегувањето на Британија од ЕУ не е можен бидејќи германската канцеларка Ангела Меркел поставила неприфатливи барања. „Борисе Џонсон, на коцка не е победата во некоја глупава игра на обвинување. На коцка е …

Туск до Џонсон: Ова не е некоја глупава игра Read More »

Со препукувања меѓу власта и опозицијата заврши вториот ден од собраниската расправа за ребаланс на Буџетот


Со реплики и контрареплики помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата. Во попладневниот дел од расправата стана збор и за проектот „Скопје 2014“. Пратениците …

Со препукувања меѓу власта и опозицијата заврши вториот ден од собраниската расправа за ребаланс на Буџетот Read More »

На Боки 13 му се укажа лекарска помош, па го вратија во „Шутка“


Бојан Јовановски (Боки 13) е вратен во притворот во затворот во Шутка, откако денеска колабираше за време на давање на исказот  во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред обвинител за предметот „Рекет“, во кој тој е првоосомничен. Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Јовановски е вратен во притвор по …

На Боки 13 му се укажа лекарска помош, па го вратија во „Шутка“ Read More »

Декларација на бугарското Собрание: Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ


Бугарија и дава целосна поддршка на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, се наведува во Предлог-декларацијата на бугарското Народно собрание посветена на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија. Во предлог-документот, како што јави БГНЕС, Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање …

Декларација на бугарското Собрание: Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ Read More »

Ердоган на средба со Трамп во Белата куќа на 13 ноември


Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на 13 ноември во Белата куќа. Трамп ја најави на Твитер посетата на Ердоган, еден ден откако се закани дека ќе ја „уништи турската економија“ доколку Анкара спроведе воени операции во Сирија и доколку направи нешто за што …

Ердоган на средба со Трамп во Белата куќа на 13 ноември Read More »

САД очекуваат влада на Косово подготвена за дијалог со Белград


Соединетите Американски Држави им честитаа на граѓаните на Косово за „успешното завршување на парламентарните избори“, наведувајќи дека со нетрпение ја очекуваат „можноста да соработуваат со новата влада која ќе биде за дијалог“ со Белград. –  Се радуваме на можноста да работиме со новата влада, која ќе биде за дијалог, кога ќе биде формирана, влада која …

САД очекуваат влада на Косово подготвена за дијалог со Белград Read More »

Американскиот амбасадор се сретна со Курти во седиштето на Самоопределување


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, чија партија победи на неделните вонредни парламентарни избори, се сретна денеска со амбасадорот на Соединетите американски држави во Косово, Филип Коснет. Во соопштението на ВВ се вели дека на средбата во партиското седиште Коснет изразил задоволство поради добриот тек на изборниот процеси и високиот одзив на граѓаните. – …

Американскиот амбасадор се сретна со Курти во седиштето на Самоопределување Read More »

Иван Ракитиќ гордо позира со дрес на Хајдук


Хрватскиот репрезентативец и член на Барселона, Иван Ракитиќ, по завршувањето на прес-конференцијата по повод мечевите од квалицикациите за ЕП, доби подарок дрес од фудбалскиот клуб Хајдук. Ракитиќ доби дрес на сплитските „били“ со бројот 4 на грбот. Дресот на Ракитиќ му го даде неговиот пријател и угостител, Гордан Болјат, кој со насмевка на лицето искоментира …

Иван Ракитиќ гордо позира со дрес на Хајдук Read More »

Тетовец доби кривична пријава, се заканувал на Фејсбук на луѓето од пајак службата


Четириест и пет годишен тетовец добил кривична пријава од тетовската полиција затоа што во август годинава на социјалната мрежа Фејсбук се заканувал на службени лица кои презеле дејствија за неговото погрешно паркирано возило. Пораките со закани ги упатувал кон двајца вработени во ЈП „Градски паркинг Тетово“ и еден полицаец кои со специјалното возило „пајак“ му …

Тетовец доби кривична пријава, се заканувал на Фејсбук на луѓето од пајак службата Read More »