САД очекуваат влада на Косово подготвена за дијалог со Белград


Соединетите Американски Држави им честитаа на граѓаните на Косово за „успешното завршување на парламентарните избори“, наведувајќи дека со нетрпение ја очекуваат „можноста да соработуваат со новата влада која ќе биде за дијалог“ со Белград.

–  Се радуваме на можноста да работиме со новата влада, која ќе биде за дијалог, кога ќе биде формирана, влада која ќе биде посветена на јакнење на демократијата и обезбедување мир, правда и просперитет за сите граѓани на Косово, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Како што се додава, САД „јасно ставија до знаење“ дека очекуваат новото партиско раководство да биде подготвено „веднаш да се пушти“ во разговори со Белград и да работи на договорот за нормализација на односите.