(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато


Дизајнерот Златко Јовановски познат по уникатните и екстравагантни креации и за свечени пригоди и за свадби, со ателјеа во Скопје и во Тетово, пред Нова година ја промовира новата колекција наменета за дами кои ценат префинет и провокативен стил. Колекцијата е во препознатливите бои на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” – златната, сребрената, црната и …

(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато Read More »

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите


Веднаш по априлските избори да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот во своето годишно обраќање вчера во Собранието им порача на политичарите со ветингот да почнат од своите редови. „Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај …

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите Read More »

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”


Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Одборот за наградата, со кој претседаваше новинарката Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, …

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин” Read More »

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул


Во Истанбул вчера свечено беше отворен Културно-информативен центар на Република Северна Македонија. На отворањето присуствуваше и македонскиот министер за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека во годините што следуваат Центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите од Република Северна Македонија во Истанбул. Тој потсети дека владите на Турција и Северна Македонија …

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул Read More »

„Брегзит“ мигранти  ја напаѓаат границата на Македонија


Мигрантската Пандорина кутија повторно се отвора, беше речено на расправата на Националната конвенција за ЕУ за Република Северна Македонија, на тема „Безбедноста на границите низ призмата на различни миграциски бранови“, организирана од Европското движење. Според податоците што ги изнесе советничката за миграции и за бегалци на ОБСЕ, Марија Дебенито Родригез, од јануари до ноември годинава …

„Брегзит“ мигранти  ја напаѓаат границата на Македонија Read More »

РЕК Битола ќе се затвори, индустријата ќе плаќа данок за загадување


Струјата ќе поскапи, РЕК Битола ќе престане да работи, а индустријата најверојатно ќе плаќа CO2 данок – е цената што ќе треба да ја плати Македонија за да ги имплементира обврските  околу Парискиот договор и за да се справи со климатските промени. Ова беше речено денес на конференцијата „Климатски промени:Глобалните предизвици и националните можности“ што …

РЕК Битола ќе се затвори, индустријата ќе плаќа данок за загадување Read More »

Владата го раскина договорот за Иловица


Владата на последната седница во Куманово донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, во општина Босилово. Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, општина …

Владата го раскина договорот за Иловица Read More »

Наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија за Зоран Јовановски од „360 степени“


Новинарот на „360 степени“ Зоран Јовановски – за најдобра новинарска сторија, фоторепортерот во весникот „Вечер“ Наке Батев – за најдобра репортерска фотографија и Столе Марковски од Кочани – за најдобра аматерска фотографија, се годинашните добитници на наградата „Жан Моне“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. На конкурсот биле пријавени …

Наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија за Зоран Јовановски од „360 степени“ Read More »

Во февруари: Масимо Савиќ за прв пат во Филхармонија со „Најдоброто од…“ програма


По три години пауза, регионалната поп-ѕвезда од Хрватска Масимо Савиќ  доаѓа во Скопје со два ексклузивни концерта на 3 и 4 февруари. Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори- салата на Македонската филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот …

Во февруари: Масимо Савиќ за прв пат во Филхармонија со „Најдоброто од…“ програма Read More »

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен „Замисли желба“, а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот – новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме …

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија Read More »

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории


Документарецот  „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што …

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории Read More »

Жените ќе се изедначат економски со мажите за 257 години


Жените ќе бидат еднакви во економските права со мажите за нешто повеќе од два и пол века, се нагласува во извештајот на Светскиот економски форум.Родовата еднаквост ќе се постигне само за стотина години, нагласува СЕФ во својот последен годишен извештај, мерејќи го родовиот јаз во економијата, образованието, здравството и политичката моќ. Напорите за постигнување еднаквост …

Жените ќе се изедначат економски со мажите за 257 години Read More »

Ременски денес дава исказ за „Рекет“


Пратеничката Фросина Ременски денес во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дава исказ како осомничена во истрагата за „Меѓународен сојуз“.Ременски два дена вршеше увид во доказите кои во истрагата ги прибрала обвинителката Вилма Русковска, но по увидот рече дека „видела сѐ, освен докази”. „Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала …

Ременски денес дава исказ за „Рекет“ Read More »

Заев: Спасовски и Царовска се можни кандидати за технички премиер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април догодина. Наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена актуелните министри за внатрешни работи и …

Заев: Спасовски и Царовска се можни кандидати за технички премиер Read More »

Жбогар не гледа потреба од ветинг во судството


Евроамбасадорот Самуел Жбогар во моментов не гледа потреба од ветинг во судството. Пораката ја испрати по гласните пораки на власта дека судството мора да помине низ овој процес. Шефот на мисијата на ЕУ во земјава смета дека ветингот би требало да биде последно решение бидејќи судството него не било во така лоша состојба. „Ветингот секогаш …

Жбогар не гледа потреба од ветинг во судството Read More »

Врие во Трнодол: Жителите најавуваат протести и тужба против градоначалникот Богоев


Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да предизвика лизгање големи земјени маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење населба која навлегува во заштитеното подрачје на Парк-шумата Водно. Жителите …

Врие во Трнодол: Жителите најавуваат протести и тужба против градоначалникот Богоев Read More »

Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница


Во Собранието од денеска на пленарна седница почнува расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година кој ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а во фокусот се инвестиции во човечкиот капитал. Приходната страна на Предлог-буџетот за 2020 година е предвидена за 3,6 милијарди евра што претставува раст …

Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница Read More »

Заев: Никогаш повеќе режим


Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од  предизборната трибина „На прав пат“ во Скопје им порача на членовите и симпатизерите на владејачката партија, во следниот период да се придржуваат до три правила со кои ќе обезбедат сигурна победа на предвремените парламентарни избори на 12 април – постојано да се зборува за економските успеси и …

Заев: Никогаш повеќе режим Read More »

Мицкоски ќе го разреши советникот што вперил пушка во соседот


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  одговарајќи на новинарско прашање за советникот во неговиот кабинет Томислав Димитровски кој беше вмешан во инцидент рече дека ќе побара разрешување. „Правдата не треба ние да ја земаме во свои раце. Има органи во државата кои што треба таа правда, нормално, да ја реализираат. И, доколку некој се чувствува нападна, …

Мицкоски ќе го разреши советникот што вперил пушка во соседот Read More »

Врховниот суд на САД ќе пресече дали Трамп може да ги крие финансиите


Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа молбата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се објавуваат податоците за неговите даноци, банкарски и финански сметки.Расправата ќе поче во март, а судиите одлуката ќе мора да ја донесат и објават до јуни. Доколку пресудат против Трамп, претседателот ќе мора да ги објави податоците за …

Врховниот суд на САД ќе пресече дали Трамп може да ги крие финансиите Read More »