Бугарското Собрание „за“ почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ


Бугарското Народно собрание денеска усвои Декларација со која се предвидува Бугарија да даде целосна поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Како што јави БГНЕС, Декларацијата, која беше прва точка на денешната седница на бугарското Собрание, е усвоена со 129 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“. …

Бугарското Собрание „за“ почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ Read More »

Турција ги убедува ОН дека операцијата во Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“


Турскиот амбасадор во Обединети нации, Феридун Синирлиоглу во писмо испратено до Советот за безбедност на ОН наведе дека турската операција во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“. – Како што беше случај и во претходните антитерористички операции, турскиот одговор ќе биде пропорционален, одмерен и одговорен. Операцијата е насочена само кон терористите …

Турција ги убедува ОН дека операцијата во Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“ Read More »

„Љубовен автомобил“ – најдобар филм на „Киненова“


Германскиот филм „Љубовен автомобил“ по сценарио и режија на Елкe Маргарете Леренкраус е прогласен за најдобар филм во главната конкуренција на четвртиот фестивал за дебитантски филм „Киненова“. Наградата за најдобра режија му е доделена на Бабис Макридис за грчкиот филм „Сожалување“, рускиот филм „Човекот кој ги изненади сите“ ја доби наградата за најдобро сценарио напишано …

„Љубовен автомобил“ – најдобар филм на „Киненова“ Read More »

Брегзит без договор ќе предизвика и недостиг од тоалетна хартија во Британија


Напуштањето на Велика Британија на ЕУ без договор може да има сериозни последици по економијата, но тоа ќе предизвика голем недостиг на проиозводи меѓу кои и – недостиг на тоалетна хартија, за што веќе се зборува во таа земја. Доколку Лондон ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври, тоа би предизвикало проблеми со основните …

Брегзит без договор ќе предизвика и недостиг од тоалетна хартија во Британија Read More »

Zaev, Rama and Vucic to hold a trilateral meeting in Novi Sad


North Macedonia’s Prime Minister Zoran Zaev, Albania’s Prime Minister Edi Rama and Serbia’s President Aleksandar Vucic are set to hold a trilateral meeting in Novi Sad on Thursday. Vucic’s Office has said the meeting will focus on networking regional markets and removing business barriers, resulting in free flow of people, goods and services. Zaev arrived …

Zaev, Rama and Vucic to hold a trilateral meeting in Novi Sad Read More »

Пенс не е против да се објави трaнскрипт од неговите разговори се Зеленски


Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, изјави дека не е против да се објават неговите телефонски разговори со претседателот на Украина, Володомир Зеленски. Притоа, како што дознава „Политико“, Пенс одбегна да одговори на прашањето дали тој знаел за намерата на претседателот Доналд Трамп да ја натера Украина да спроведе истрага против семејството на Џо Бајден, поранешен …

Пенс не е против да се објави трaнскрипт од неговите разговори се Зеленски Read More »

Бугарското Собрание расправа за Предлог-декларација за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ


Бугарското Собрание денеска расправа за Предлог-декларација со која се предлага Бугарија да даде целосна поддршка отпочнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Како што јави БГНЕС, расправата по Предлог-резолуцијата е прва точка на денешната седница на бугарското Собрание. Предлогот за вметнување на оваа точка на дневниот ред на собраниската …

Бугарското Собрание расправа за Предлог-декларација за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ Read More »

Фатен скопјанец кој имал дрога и оружје


Полицијата поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство против Б.К.(30) од Скопје кој е осомнилен за кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Според МВР вчера од полициска патрола на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на трговскиот …

Фатен скопјанец кој имал дрога и оружје Read More »

Три дена „Макфест 2019“ во Штип


Шаренолик фестивал од секој аспект, од возраст на изведувачи, на автори, жанрови на музика за сите вкусови и генерации, од класичен шлагер, до фанк, поп, рок, електро поп, ар-ен-би, најави на прес конференција во Скопје, уметничкиот директор на фестивалот на музика „Макфест 2019“, Владимир Дојчиновски. На 34. издание на „Макфест“ што почнува денес и ќе трае …

Три дена „Макфест 2019“ во Штип Read More »

Каевски: Завршува тендерската постапка за училишните базени за шест општини


Проектот за изградба на затворени училишни базени стартува кон крајот на октомври во шест општини. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски вели дека Кисела Вода, Ѓорче Петров, Битола, Штип, Кичево и Тетово се првите општини, зашто тие ја имаат завршено постапката со вадење на градежните дозволи. Каевски вели дека во моментов е …

Каевски: Завршува тендерската постапка за училишните базени за шест општини Read More »

Остарениот Џими Картер не се предава, гради куќи


Четиринаесет шевови, црно око и голем завој не се проблем за поранешниот претседател Џими Картер, кој минатата недела наполни 95 години. Само неколку часа откако се здоби со повреди од пад во неговиот дом во неделата наутро, Картер отпатува за Нешвил за да започне една недела волонтерска работа. И покрај неговите повреди, најстариот жив поранешен …

Остарениот Џими Картер не се предава, гради куќи Read More »

Над еден милион луѓе во Калифорнија се без електрична енергија


Повеќе од милион луѓе во Калифорнија останаа без електрична енергија откако главната дистрибутерска компанија го прекина снабдувањето како претпазливост, поучена од искуството од минатата година, кога силни ветрови предизвикаа смртоносен пожар во таа американска сојузна држава. Таквата драстична мерка предизвика долги редици во супермаркетите и продавниците во северна Калифорнија, бидејќи луѓето брзаа да купат вентилатори, …

Над еден милион луѓе во Калифорнија се без електрична енергија Read More »

Граѓаните пак ќе си играат лотарија со фискални


  По пауза од пет години, на граѓаните повторно им се сервира наградна игра со фискални сметки. Власта практично го враќа на сцената проектот „Фискална во рака – награда без мака“, сега само ребрендиран во „Мој ДДВ, моја награда“, кој тогаш од позиција на опозиција жестоко го критикуваше. Играта, која е планирано да започне на …

Граѓаните пак ќе си играат лотарија со фискални Read More »

Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд


Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка. – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно …

Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд Read More »

Манчевски: Покажуваме дека системот функционира, чекаме обвинение за Ременски за соодветна постапка во партијата


Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски смета дека најпрво треба да се добие обвинението за Фросина Ременски за случајот „Рекет“ за потоа да се преземат соодветните внатрепартиски постапки. – Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира. Ако порано беше непоимливо Обвинителството да поднесе какво било обвинение против кој било функционер на владејачка партија, денеска тоа е …

Манчевски: Покажуваме дека системот функционира, чекаме обвинение за Ременски за соодветна постапка во партијата Read More »

Паѓаат во вода годините поминати во судница


Предметите на Специјалното јавно обвинителство по неговото згаснување преминаа во републичкото Јавно обвинителство и останаа во рацете на истите обвинители, но голем дел од случаите кои ги отвори СЈО, може да почнат од почеток. Првиот предмет кој мора да почне одново на почетокот е случајот „Тортура“, што се води против поранешниот шеф на УБК, Сашо …

Паѓаат во вода годините поминати во судница Read More »

Заев најави „времено отстранување“ на Ременски


Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност. Вратите се отворени секогаш за секого, рече премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе …

Заев најави „времено отстранување“ на Ременски Read More »

Сестрите Кардашијан на вечера со претседателот на Ерменија


САД- Старлетата и бизнисменка која влезе во Белата куќа, Ким Кардашијан и сестра ѝ Кортни синоќа се сретнаа со претседателот на Ерменија Армен Салкисиа кој во нивна чест приреди вечера. Сестрите се во посета на родната земја на татко им, славниот адвокат Роберт Кардашијан кој почина од рак на грлото во 2003 година, на 62 …

Сестрите Кардашијан на вечера со претседателот на Ерменија Read More »

Втор ден напади на турската армија врз позиции на Курдите и ИД во североисточна Сирија


Турската војска повторно почна со гранатирање на сириските гранични градови, при што Рас Елејн беше прва цел во вториот ден од конфликтот, јави денеска сириската државна телевизија. Досега 15 цивили се убиени во нападите на турската армија и над 20 повредени. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера објави дека турската војска почна операција „Извор на …

Втор ден напади на турската армија врз позиции на Курдите и ИД во североисточна Сирија Read More »

„Новости“: Србија годишно ја напуштаат околу 51.000 луѓе


Србија месечно ја напуштаат 4.250 луѓе, односно околу 51.000 луѓе годишно, според податок на Европскиот завод за статистика. Во исто време, 228.000 млади луѓе го напуштиле Западен Балкан, што е околу 20 проценти од работната сила, објавија „Новости“. Сепак, според официјалните податоци на Белград, од 2002 до 2011 година, 150.000 граѓани на Србија заминале во …

„Новости“: Србија годишно ја напуштаат околу 51.000 луѓе Read More »