Сестрите Кардашијан на вечера со претседателот на Ерменија


САД- Старлетата и бизнисменка која влезе во Белата куќа, Ким Кардашијан и сестра ѝ Кортни синоќа се сретнаа со претседателот на Ерменија Армен Салкисиа кој во нивна чест приреди вечера.

Сестрите се во посета на родната земја на татко им, славниот адвокат Роберт Кардашијан кој почина од рак на грлото во 2003 година, на 62 години.

Во Ерменија Ким ги крсти трите деца, синовите Сент и Псалм и ќеркичката Чикаго.