Штрајк на вработените во Институтот за хемија – нема подмладок


Во вторник, пред зградата на Институтот за хемија вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, во пауза помеѓу предавањата, заедно ќе излезат за јавно да го изразат своето незадоволство од условите за работа и студирање, кои, според нив, во последниве десетина години стануваат сè полоши и го доведуваат во прашање нормалното реализирање […]

Гала-свадба во Мајорка: Надал и Циска ја крунисаа 14 годишната врска со брак 


Шпанија- Рафаел Надал (33) е последниот од големата светска тениска четворка што заплива во брачни води. Шпанскиот тенисер и Марија Франческа Циска (31) го кажаа судбоносното „да“ на гала свадбена веселба што се одржа на тврдината „Форталеза“ на Мајорка. На крунисирање на 14 годишната љубовна врска присуствуваа 500 гости, а церемонијата мина во строги мерки […]

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија


Двете партии на зелените освоија над 20 проценти од гласовите на вчерашните избори за Долниот дом на швајцарскиот Парламент, додека кај големите партии, вклучително и победничката Народна партија забележан е пад на поддршката, покажуваат конечните резултати. Зелената левица освои вкупно 13,2 отсто од гласовите, додека за партијата на центарот Зелени либерали гласале 7,8 отсто од […]

Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата


Белгија– Британскиот тенисер Енди Мареј не успеа да ги задржи солзите по освојувањето на финалето на турнирот во Антверпен. Вчера, во решавачкиот натпревар, тој го совлада Стен Вавринка од Швајцарија со 2-1 (3:6, 6:4, 6:4). Овој наслов беше прв за Мареј по операцијата на колкот. Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу […]

Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка


Белгија– Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка. Сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, Могерини на својот блог во текстот насловен […]

Самитот на Г7 нема да се одржи на имотот на Трамп


САД- Претседателот Доналд Трамп нагло го смени курсот и најави дека економскиот самит на Г7 следната година нема да се одржи во комплексот „Трамп национал дорал“ во Флорида. Одлуката ја објави откако се соочи со гневна двопартиска реакција. Претседателот ја твитна главната промена нешто повеќе од 48 часа по првичното соопштение: „Ние веќе нема да […]

Трамп се откажа од планот самитот на Г7 да се одржи во неговиот клуб


Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за одржување на следниот самит на Г7 во неговиот голф клуб во Мајами, на Флорида. Тој минатата недела предложи самитот да се одржи во неговиот хотел „Дорал“, но се откажа по бројните критики, пренесува „Глас на Америка“. Трамп на Твитер ги обвини медиумите и демократите што се спротивставија […]

Четири лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30  сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 […]

Навивачи на Рома со расистички навреди кон фудбалер на Сампдорија


На вчерашниот натпревар од италијанската Серија А одигран во Џенова, навивачи на Рома упатија навреди на расна основа кон фудбалерот на Сампдорија, Роналдо Виеира. Судијата Фабио Мареска го забележа непримерното однесување на гостинските навивачи, но немаше официјална опомена на стадионот. По завршувањето на натпреварот, Рома преку Твитер се извини за однесувањето на навивачите и искажа […]

ЦДУ/ЦСУ: Патот кон ЕУ станува отворен за Сeверна Македонија и Албанија


Германија– Владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ смета дека патот на ЕУ останува отворен за Северна Македонија и Албанија, и покрај негативен исход од минатонеделниот состанок на Советот на ЕУ во однос на отворањето на пристапните преговoри со двете земји. Заменик-претседателот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и парламентарниот известувач Кристијан Шмит, ги повикаа Скопје и Тирана […]

Ѕидот на плачот – преку 2.000 години место за молитва и покајание


Две страни. Машка и женска. Вака е поделен Ѕидот на плачот во Ерусалим. Но, пред Ѕидот сите се еднакви. Се молат, бараат покајание независно од возраста, полот, потеклото.   Молбите (желбите) ги запишуваат на ливчиња, а ливчињата потоа ги „пикаат“ во процепите меѓу камењата, бакнувајќи го Ѕидот. Многумина велат, ако сакате да доживеете и да […]

Австралиските весници протестираат против цензурата


Австралија– Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа. Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат […]

Кому му треба Макрон во Македонија?


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Кому му треба Емануел Макрон во Македонија? Зошто кој било, освен Христијан Мицковски, би прифатил средба со претседателот на државата што ги урна сите надежи на нацијата и 25-годишната инвестиција во европската иднина? Зошто  кој било од актуелната власт би прифатил  да се сретне со лидерот на Франција сега откако ни испорача вето […]

„Сандеј тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година


Англија – Европска Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од Парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј тајмс“. – Одложувањето би било со променлив карактер, што значи Британците би можеле да излезат од […]

Битола: Ќе топлат ли инвертер-климите на минус 40 степени?


Мерните станици сè уште не покажале високо загадување на воздухот поради топлото време, па сепак, каков воздух ќе дишат битолчани оваа зима беше тема за политичко препукување откако група граѓани  ја пречекаа владата во понеделникот со транспаренти за  загадениот воздух. Битолчани  се пошегуваа дека овој дочек и не бил многу скап, затоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ […]

Света Богова- Јовановска за „Независен“ : Со Моден Викенд Скопје порасна цела генерација на креативци


Идниот месец ќе дува свеќи од славеничката торта на Моден викенд – Скопје кој одбележува 20. сезона. Таа е ударното и атрактивно лице на престижниот моден настан, веќе десет години. Организаторката Света Богова-Јовановска (38) . Ќе си посака уште многу успешни години, да е жив и здрав сопругот Жаре, кој ѝ дава исклучителна поддршка, посетени […]

Нови протести и судири во Барселона


Шпанија–  Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери. Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата Авенија Меридијан во источниот дел на градот. Како што пренесуваат […]

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето


Летното сметање на времето завршува во последниот викенд од октомври, што значи дека ноќта идната сабота кон недела (26 и 27 октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3 часот по полноќ се поместуваат на 2 часот. Промената на времето во Европа е воведена во 1970 година, поради заштеда на […]

Нови правила за домашната ракија


Измените на Законот за акцизи, кои стапуваат во сила на 1 јануари следната година, ќе овозможат низа поволности за производителите на ракија. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Трајан Димковски на отворањето на 20. „Валандовска ракијада“. – Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна […]

Тркалезна маса за книгата „Улица“ на Славко Јаневски


Тркалезна маса насловена „Зoшто ‘Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман?“ ќе организираат денеска Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и издавачката куќа „Просветно дело“. „Улица“ од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик и објавено пред неговиот роман […]