Европскиот парламент го враќа ударот: Со 412 гласа „за“ усвои Резолуција за почеток на преговори со Скопје и Тирана
Со 412 гласови „за“, 136 против и 30 воздржани, Европскиот парламент усвои Резолуција во корист на започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. „Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство …