Адеми: Одлуките за избор на најповолна понуда за учебници се потпишани


Министерот за образование Арбер Адеми денеска изјави оти оваа недела ги потпишал одлуките за избор на најповолна понуда за учебници и додаде дека прашање на време е кога ќе се испечатат новите учебници и ќе бидат дистрибуирани до сите училишта. Адеми денеска учествуваше на традиционалната манифестација „Градиме мостови”, а одговарајќи на новинарски прашања за недостигот …

Адеми: Одлуките за избор на најповолна понуда за учебници се потпишани Read More »

„Мајкрософт“ откри ирански кибер напад врз американски политичари


САД– Група хакери поврзани со Иран во август и септември се обидела да ги хакира адресите за електронска пошта на американски тим за претседателска кампања, владини претставници и новинари, соопшти „Мајкрософт“. Центарот за кибер безбедност на Мајкрософт ја следел активноста на групата, која повеќе од 2.700 пати се обидела да идентификува електронска пошта на корисниците …

„Мајкрософт“ откри ирански кибер напад врз американски политичари Read More »

Планинарски меморијал посветен на Димитар Кангов-Кангата


Традиционалниот планинарски меморијал „Димитар Кангов-Кангата“ ќе се одржи утре на планината Кожуф во организација на планинарскиот спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија со искачување на врвот Зелен брег висок 2.166 метри, потврдија попладнево организаторите. – Меморијалот е посветен на нашиот долгогодишен член Димитар Кангов кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на планината …

Планинарски меморијал посветен на Димитар Кангов-Кангата Read More »

Граѓанско образование за свештеници


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Воведната реченица ја искажа митрополитот преспанско-пелагониски Петар. Според пишувањето на некои медиуми, владиката Петар оваа порака им ја кажал на верниците присутни на одбележувањето на раѓањето на Мајката Божја во манастирот Рождество на Пресвета Богородица, во село Новаци, Битолско. Би рекле ништо ново од овој владика. Се сеќаваме на неговите изјави за жените …

Граѓанско образование за свештеници Read More »

Осака и Барти финалистки во Пекинг


Јапонија – Јапонката Наоми Осака и тенисерката од Австралија Ешли Барти ќе се соочат во финалето на ВТА турнирот во Пекинг. Осака попладнево ја совладаа Каролина Возниачки во два сета, додека Барти во три сета беше поуспешна од Бертенс во првото полуфинале. Резултаи: Наоми Осака (Јапонија) – Каролине Возниацки (Данска) 2-0, по сетови 6:4 и 6:2. …

Осака и Барти финалистки во Пекинг Read More »

Полицаец предупредувал за „Монструм“, никој не го слушал


Полицаец подолго време го предупредувал врвот на Министерството за внатрешни работи дека има униформирана група и дека нешто се подготвува. Ова се дознава од СМС-пораките и транскриптите кои вчера се читаа во судница, на рочиштето за случајот „Монструм“. „Предупредив дека имам две битни информации. Дека, или ќе нападнат полициска станица, или вакво нешто“, вели полицаецот …

Полицаец предупредувал за „Монструм“, никој не го слушал Read More »

Градските власти се откажуваат од јужната обиколница


Јужната обиколница, која требаше да се гради во подножјето на планината Водно и да го растовари сообраќајот во тој дел од градот, нема да влезе во новиот Генерален урбанистички план за Скопје, кој ќе важи од 2022 до 2032 година. Ова го најави  градоначалникот Петре Шилегов, посочувајќи дека Скопје треба да биде зелен град, со …

Градските власти се откажуваат од јужната обиколница Read More »

Формирана Балканска винска мрежа


Со потпишување меморандум за соработка,  во Скопје официјално е формирана Балканска винска мрежа. Иницијатор на новата регионална мрежа за соработка е здружението „Вина од Македонија“ заедно со организациите: Центар за винска култура „Wine Q“ од Србија, здружението „Салон Жилавке“ од Босна и Херцеговина и Винската академија на Црна Гора, како партнери на проектот, како и …

Формирана Балканска винска мрежа Read More »

Владата ќе се откаже од оданочување на капитални добивки?


Постои можност Владата да се откаже од најавеното оданочување на капиталните добивки на граѓаните. Веста ја навести вицепремиерот Кочо Анѓушев, а ја потврди министерката за финансии Нина Ангеловска. Станува збор за дивиденди, приходи по основ на кирии и  добивки од игри на среќа. Од власта се најавуваше дека од 2020 година прогресивно ќе почнат да …

Владата ќе се откаже од оданочување на капитални добивки? Read More »

ФИА го одобри календарот во Формула 1 за 2020 година со рекорден број трки


Англија – Раководството на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го одобри календарот на шампионатот во Формула 1 за 2020 година. Следната сезона ќе се одржат рекордни 22 трки, а исто така ФИА го потврди и намалувањето на предсезонските тестови. Првенството започнува на 15 март со Гран-при на Австралија, а завршува на 29 ноември со Гран-при Абу Даби. …

ФИА го одобри календарот во Формула 1 за 2020 година со рекорден број трки Read More »

„Некултура“ во МКЦ со 15 артисти од електронската, рок и џез сцена


На деветото по ред издание на фестивалот ПМГ Рекордингс денеска во МКЦ на три подиуми за танц, ќе настапат 15 артисти од електронската, рок и џез сцена, признати музички автори, изведувачи од домашната и меѓународна сцена. На фестивалот, како што соопшти тимот на ПМГ Рекордингс, ќе настапат домашните џез состави „Сетстат” и „Светлост” како две …

„Некултура“ во МКЦ со 15 артисти од електронската, рок и џез сцена Read More »

Дендиас- Помпео: Нова ера во грчко – американските односи


Грција– Протокол со амандмани на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу Грција и САД потпишаа шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и американскиот државен секретар Мајк Попмео на нивната денешна средба во грчкото МНР. Помпео рече дека Грција е важна за стратешката стабилност во Европа и источниот Медитеран, додека пак Дендиас …

Дендиас- Помпео: Нова ера во грчко – американските односи Read More »

Од следната година можност за патување во вселената за 250.000 американски долари


САД– Комерцијалното патување во вселената е се поблиску, а следната година со лансирањето на првиот комерцијален туристички шатл „SpaceShipTwo“, би требало да тргне британскиот бизнисмен и милијардер Ричард Брансон чие богатство се проценува на 3,8 милијарди долари. Според Фокс бизнис, туристичките суборбитални вселенски патување на компанијата на Брансон „Вирџин Галактик“ нема да бидат евтини. Колку …

Од следната година можност за патување во вселената за 250.000 американски долари Read More »

Балетот ја отвара сезоната со „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“


Балетот при НОБ вечер од 20 часот ќе ја отвори новата сезона 2019/2020 со премиера на претставите „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ кои се специјално подготвени од унгарскиот кореограф Габор Кевехази по повод 70-годишниот јубилеј на македонскиот балетски ансамбл. „Валпургиска ноќ“ е дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и е избрана за овој повод зашто …

Балетот ја отвара сезоната со „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ Read More »

Викендов привремен сообраќаен режим поради „Бела ноќ“ и „Скопје трча 10 км“


Град Скопје информира дека вечер, од 19 до 24 часот, ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Партизански одреди“, на потегот од вкрстувањето со улицата „Франклин Рузвелт“ до вкрстувањето со улицата „Костурски херои“ и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ“. В недела, од 7:30 до …

Викендов привремен сообраќаен режим поради „Бела ноќ“ и „Скопје трча 10 км“ Read More »

Октомври во знакот на борбата против ракот на дојка


Целиот месец октомври е посветен на борбата против ракот на дојка. Преку кампањата #ПаузаЗаПреглед, се повикува на активна едукација за ракот на дојка и за важностите на рана детекција и превенција на оваа болест. Со приклучување кон целите на оваа кампања, се приклучувате во борба што секојдневно ја водат милиони жени во светот. Уште денеска, …

Октомври во знакот на борбата против ракот на дојка Read More »

ЕУ викендов нема да разговара за Брегзит


Белгија– Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија британските медиуми. Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“. Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница …

ЕУ викендов нема да разговара за Брегзит Read More »

Утре ќе се одржи традиционалната трка „Скопје трча 10К“


Утре ќе се одржи традиционалната трка Скопје трча 10К (Skopje Run 10K). Трката ќе почне во 09:00 часот од пред фонтана Лотус на булеварот Илинден во Скопје. На двете трки, штафетата од пет километри и трката од 10 километри, се очекува, како и во претходните две години, да учествуваат илјадници тркачи. Главен покровител на трката …

Утре ќе се одржи традиционалната трка „Скопје трча 10К“ Read More »

Заев очекува до 15 октомври обвинителен акт за случајот „Рекет“


Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат„ во Штип истакна дека очекува пред 15 октомври да заврши истрагата со обвинителен акт за случајот „Рекет“. – Пред 15-ти завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа …

Заев очекува до 15 октомври обвинителен акт за случајот „Рекет“ Read More »

Почина Дајен Керол, една од ѕвездите во „Династија“


САД- Американската актерка и пејачка Дајен Керол почина на 84 години, соопшти нејзиното семејство. Нејзината ќерка Сузан Кеј информира дека мајка и починала во Лос Анџелес, од рак. Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата Џулија, а притоа немаше …

Почина Дајен Керол, една од ѕвездите во „Династија“ Read More »