Почина Дајен Керол, една од ѕвездите во „Династија“


САД- Американската актерка и пејачка Дајен Керол почина на 84 години, соопшти нејзиното семејство.

Нејзината ќерка Сузан Кеј информира дека мајка и починала во Лос Анџелес, од рак.

Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата Џулија, а притоа немаше улога на слугинка.

За време на својата долга кариера, Керол ја доби наградата Тони за мјузиклот  „No Strings”, а за Оскар беше номинирана за улогата во филмот Клодин.

Сепак, најпозната беше по своите улоги во серијата во која ја играше Џулија Бејкер, болничарка чиј маж загинал во Виетнам, која се емитуваше од 1968 до 1971 година.

И по улогата на Доминик Деверо во култната серијаод 80-тите „Династија“.

Керол се мажеше четири пати, и остави зад себе ќерка и два внука.