Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО


Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство. Се очекува предавањето на предметите да […]

Обвинителството да ги претресе „џебовите“ на ВМРО-ДПМНЕ


Се мајтапи ли лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со јавноста мавтајќи со празни листови хартија или навистина поседува џокер-искази од тајната истрага за случајот „Рекет“, кои, наводно, му ги доставил свиркач, како што самиот се пофали на завчерашната прес-конференција? Потегот на Мицкоски, кој уследи по јавно кажаната претпоставка на премиерот Зоран Заев дека истрагата за […]

Во Скопје вчера 10 сообраќајки, повредени осум лица


Едно лице е тешко повредено, а седум се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајки на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање на 85 возила, а со „пајак“ се подигнати 57 возила. Санкционирани се и 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно […]

Марјан Нечак, режисер: „Девојчето со жиците“ го третира односот ќерка-татко


Претставата „Девојчето со жиците“, која е напишана од Марјан Нечак, Маја Хрговиќ и Ана Бунтеска за виолинистка која патува со воз низ Европа вечерва од 22 часот ќе биде одиграна на малата сцена на Националната опера и балет во рамките на Младински отворен театар. Претставата е во режија на Нечак, кој вели дека појдовната точка […]

Дутерте предлага ќотек и пукање како методи за справување со корупцијата на Филипини


Претседателот на Филипини Родриго Дутерте предложи граѓаните во државата да пукаат во службеници кои од нив бараат поткуп, но да не ги убиваат, објави весникот „Манила булетин“. – Ако плаќате данок или нешто друго и службениците ви бараат за тоа поткуп – удрете ги. Ако имате оружје, можете да пукате во нив, но да не […]

Во Јапонија живеат над 70.000 стогодишници


Во Јапонија првпат откако се води статистика бројот на луѓе постари од 100 години надмина 70.000, се наведува во извештајот на Владата објавен денеска, додавајќи дека бројот на стогодишници се зголемува 49-та година по ред. – Вкупно 71.238 стогодишници живеат во Јапонија, што претставува зголемување од два проценти од минатата година, и од тој број […]

(Фото/Видео) Торнадо, поплави, дожд, превртени возила, заробени луѓе – хаос во Шпанија


  Силна бура во четвртокот зафати делови од Шпанија, а во големото невреме загинаа најмалку двајца, јави „Гардијан’. Од локалните итни служби изјавија дека двајца, жена на возраст од 51 година и нејзиниот брат на возраст од 61 година, се пронајдени мртви под автомобил кој се превртел на стотина километри од Валенсија. И понатаму на […]

Со сопственост на недвижнина од два милиони евра до грчки пасош


За привлекување инвестиции, грчката влада размислува да донесе закон за доделување грчко државјанство и грчки пасош за странците од трети земји кои ќе купат недвижен имот во Грција во вредност од најмалку два милиони евра, објави грчкиот весник „Катимерини“. Според истите информации, идејата на владата е физички и правни лица да ја одберат Грција како […]

Македонските и бугарските историчари денеска ќе разговараат за Делчев


Седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија продолжува денеска во Софија со расправа за ликот и делото и можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба на комисијата во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени […]

И за хибридните автомобили ќе се плаќа данок


Со постојната регулатива, патничките автомобили на хибриден погон, со комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор, се ослободени од акциза. Со новиот закон за данок на моторни возила, кој ќе важи од ноември, хибридите ќе се оданочуваат. „Досега законот даваше привилегии за хибридите, затоа што целта беше да се поттикне возењето на автомобили со […]

Не е сеедно дали Јанева ќе биде разрешена пред „финале“


Иако спикерот Талат Џафери најави дека до истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе закаже пленарна седница на парламентот за нејзино разрешување, опозицијата се сомнева дека чинот свесно се пролонгира, за Советот на јавни обвинители да нема време да ја донесе конечната одлука. – По сè изгледа дека намерно се одолговлекува ставањето на […]

„Херитиџ“: Северна Македонија е најслободна економија во регионот


Северна Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ“. Со резултат 71,1 Северна Македонија е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција […]

Кога ќе паднеш во дупка, престани да копаш


ЕРОЛ РИЗАОВ Кога ќе паднеш во дупка, прво што треба да направиш е да престанеш да копаш оти сè подлабоко пропаѓаш во неа. Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кога седнаа да преговараат за компромисни решенија за законот за јавно обвинителство, паднаа во дупка од која ако не излезат веднаш ќе пропаднат […]

Бура околу новото портфолио „Европски начин на живот“


Европскиот начин на живот е под сериозна закана – барем како нов наслов на портфолиото за потпретседател на Европската комисија. Новоизбраниот претседател на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, е под притисок да ја смени титулата што ја предложи за новиот потпретседател кој ќе ја надгледува миграциската политика по негодувањето од европратениците и другите кои рекоа […]

Балкански претприемачки самит во Скопје


Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, кој годинава се најде на листата на „Форбс“, денеска ќе се одржи во Скопје. На претприемачкиот самит, настан кој на едно место обединува голем број успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред […]

Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат


Тесните улички, куќите споени една до друга и непристапните влезови во зградите претставуваат проблем за навремено и најсоодветно да се изгасне пожарот. Нашето доаѓање во овие ситуации е како на Бетмен, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во интервју за МИА. – Имаме две возила што се оштетени од влезовите […]

Наградата „Ристо Шишков“ за хрватскиот актер Драшко Зидар


Хрватскиот актер Драшко Зидар ја доби наградата за високо актерско остварување на 27 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое заврши синоќа во Струмица. Актерот наградата ја доби за улогата на Сладек во претставата „Аудиенција“, работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Дражен Ференчина, а во продукција на театарот од […]

Писмо до Владата и амбасадите: Нека победи правдата, макар и пропаднал светот


Fiаt iustitia, et pereat mundus! Нека победи правдата, макар и пропаднал светот! Со барања запечатени со оваа латинска фраза, стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал, односно сите вработени во Специјалното јавно обвинителство испратија писмо до премиерот Зоран Заев, до министерката за правда Рената Дескоска, претседателот Стево Пендаровски и амбасадорите на Европската Унија, САД и Холандија во […]

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ


Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. – […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Имате силно чувство кое што ви кажува дека треба да се повлечете и да уживате во сопственото друштво, дури и ако сте во широк круг на луѓе: вие сте прекрасно и храбро битие, кое што не се плаши да открива нови простори и да ја истражува својата емоционална длабочина. Откажете некој проект, за да […]