Двојката Обама стана фабрика за пари: Документарци, предавања, книги, недвижнини…


САД- Експретседателот на САД Барак Обама (58)  добро ја уновчи политичката кариера: во дел од светот се прикажува документарецот кој го продуцираше со сопругата, заработува милиони од говори, книги , недвижнини… Документарецот “American Factory”, зад кој стои продуцентската куќа Higher Ground кој лани го основаа Барак и Мишел Обама (55) , сега е достапен и […]

Порачале фустани преку интернет, а добиле таблети „екстази“ вредни 500.000 евра


Австриска двојка заврши со 24.000 таблети „екстази“, иако по пат на интернет нарачале два фустани, објави полицијата во Линц. Истражителите соопштија дека дрогата е вредна 500.000 евра. На двојата од Линц им стигнале два пакета. Додека во еден од пакетите биле фустаните кои ги чекале од Холандија, вториот бил невообичаено тежок. Кога сопругата го отворила, […]

Золтан Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Северна Македонија


Европската унија би требало веднаш да ги започне преговорите за членство на Северна Македонија, изјави унгарскиот државен секретар за меѓународни односи, Золтан Ковач. Ковач, за време на посетата на Виена, истакна дека унгарската Влада верува оти проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан треба да биде приоритет на Брисел, нагласувајќи дека Будимпешта е против одлагање на […]

Заев-Мамадиаров: Наскоро преговори за целосно заемно укинување на визите со Азербејџан


Можноста за укинување на визите и за соработка во енергетиката биле меѓу темите на разговор на средбата на премиерот Зоран Заев, со шефот на делегацијата и министер за надворешни работи на Азербејџан, Елмар Мамадиаров на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која Заев бил […]

Ќе влегуваме во НАТО без воен претставник во Брисел


Иако поминаа пет месеци откако Ѓорге Иванов му ја предаде претседателската функција на Стево Пендаровски, со што заврши и „ерата“ на кохабитација за актуелната влада, нашата држава и натаму е без воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел, каде што впрочем нема ни амбасадор. Поранешниот претседател Ѓорге Иванов се обиде да го испрати во […]

Израел: Од јазол во јазол по изборите


Шансите на Бенјамин Нетанјаху да биде избран да ја формира следната влада на Израел се чини дека се подобриja откако тројца политичари од арапското малцинство во земјата ставија до знаење дека нема да го поддржат неговиот ривал. Во неделата сојузот на арапските парламентарци, кои претежно ги претставуваат палестинските граѓани на Израел, објавија дека ќе го […]

(ВИДЕО) Сенатор на Хаити отвори оган пред парламентот, двајца повредени


Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт-о-Пренс. Во Хаитите сенатор отвори оган за време на вчерашниот протест пред парламентот, при пукањето тој повредил две лица, јавуваат светските медиуми. Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата […]

Виз Ер Скопски маратон за прв пат квалификациски за СП


Трката на Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 10 мај 2020 година за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на „Abbott World Marathon Majors“. – Виз Ер Скопски маратон стана партнер со „Abbott World Marathon Majors“. Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат […]

Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН


Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Северна […]

Македонци „лудувале“ во Пореч: Едниот крадел, другиот возел пијан


Двазесет и тригодишен македонски државјанин е приведен од полицијата во Пореч, Хрватска поради сомневање дека е сторител на тешка кражба. Тамошните медиуми пишуваат дека полициските службеници при контрола во сообраќајот, во неделата околу 4.30 часот наутро запреле автомобил „пежо“ со загрепска регистрација. Возилото го управувал 22-годишен македонски државјанин, кај кого биле измерени 0.93 промили алкохол […]

„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје


Словенечката авиокомпанијата „Адриа ервејс“ привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.   Адриа Ервејс ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети. – […]

Во Минхен се одржува 186. Октоберфест, Шварценегер лудува со девојката


Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен, Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави. Од […]

Денеска штрајк ќе ја парализира Грција


Синдикати, федерации и здруженија на работници од Грција, за денеска закажаа генерален 24-часовен штрајк што ќе ја парализира земјата. Штрајкот е одговор на планот на владата да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување. Паралелно бараат покачување на платите и пензиите, постојани вработувања и запирање на приватизациите. […]

Деветмина повредени во десет сообраќајки во Скопје


Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи […]

ЕУ одобри лекови со канабис за епилепсија


Белгија – Европската унија за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија. Тоа е Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана. Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на […]

Луксембург троши најмногу пари за спортски активности на своите граѓани


Белгија – Луксембург е земја-членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија, со 13 и 16 евра по човек, се држави со најмалку издатоци за рекреативни содржини, соопшти Евростат. На почетокот на Европската недела на спорт, Канцеларијата за статистика на […]

Адрија ервејс поради недостиг на пари ги приземји авионите


Словенија– Словенечката авиокомпанија „Адриа ервејс“ објави дека ги прекинала сите летови планирани за денеска и утре поради немање пари, јавија локалните медиуми. Според соопштение од компанијата, управата на превозникот побарала четири милиони евра од Владата, но тие средства не биле одобрени. – Одлуката за прекинување на летовите се должи на недостигот пари што и се […]

Историски чин: МСУ во Скопје домаќин на МОМус од Солун


Музејот на современата уметност во Скопје, за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, соседна Република Грција. На 27 септември (петок), во 20 часот, ќе биде отворена голема постановка со наслов „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?). Ова е прво […]

Наскоро обвинение за „Рекет“


  Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, кој е познат во јавноста како Боки 13, вчера напладне од затворот во Шутка, со полициска придружба, беше однесен во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде што требаше да даде исказ. Но обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, ги изненади и него и неговиот бранител, […]

Британскиот Врховен суд ќе одлучува за суспензијата на Парламентот


Британскиот Врховен суд денеска ќе одлучува за тоа дали одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска.Таква одлука може да значи порано свикување на Парламентот што ќе им даде време на пратениците да ги опструираат плановите на Џонсон за брегзит. На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира […]