Македонци „лудувале“ во Пореч: Едниот крадел, другиот возел пијан


Двазесет и тригодишен македонски државјанин е приведен од полицијата во Пореч, Хрватска поради сомневање дека е сторител на тешка кражба. Тамошните медиуми пишуваат дека полициските службеници при контрола во сообраќајот, во неделата околу 4.30 часот наутро запреле автомобил „пежо“ со загрепска регистрација. Возилото го управувал 22-годишен македонски државјанин, кај кого биле измерени 0.93 промили алкохол во крвта.

Како сопатник во автомобилот, бил 23-годишниот Македонец, кој, пак, е уапсен поради сомневање дека извшрил кражба. Истрагата утврдила дека непосредно пред да бидат запрени од полицијата, од кафуле во близина украл торба со мобилен телефон и пари, сопственост на 26-годишна девојка.

„Против 23-годишникот е поднесена кривична пријава за кражба, а против 22-годишникот прекршочна пријава поради возење под дејство на алкохол“, соопшти поречката полиција.