Виена пак најдобар град за живеење во светот


Англија- Виена е најпривлечниот град за живеење и за посета во светот, се наведува во класификацијата на „Економист интелиџенс јунит” за 2019 година. Австриската престолнина втора година по ред е пред Мелбурн, а Париз е подолу на листата поради протестите на „Жолтите елеци”. Виена привлекува туристи најмногу поради концертите на класична музика и империјалната историја, […]

Одбиено барањето за прекинување на „Титаник“ и изземање на обвинителката Стефанова


Со презентација на докази на Специјалното јавно обвинителство, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности во кој се осомничени поранешни министри, градоначалник, полицајци и други функционери. Пред почетокот на главната расправа судијата Осман Шабани го одби барањето на адвокатите Димитар Дангов и на Дончо Наков за прекинување на постапката до разрешување […]

За една седмица на островите во Егејското Море пристигнале 2377 бегалци и мигранти


Во периодот од 26 август до 1 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 2377 бегалци и мигранти, бројка што е повисока во споредба со една седмица претходно, но и речиси четирипати поголема споредена со истиот период лани, покажуваат податоците од УНХЦР- Грција, jави дописничката на МИА од Атина. Според неделниот преглед на ситуацијата на […]

Во богатите земји најмногу се умира од рак


Срцевите болести веќе не се водечка причина за смрт во богатите земји. Сега тоа е карциномот, којшто може да стане најголемиот светски убиец наредните неколку десетлетија, предупредуваат научниците. Преку два обемни научни труда во медицинското списание „Лансет“, се изнесуваат податоци за новата „глобална епидемиолошка транзиција“ меѓу различните видови хронични болести. Срцевите заболувања засега остануваат водечки […]

(ВИДЕО) Вербалната војна не стивнува: Бразилски министер се закани дека ќе го фати Макрон за врат


Само што се смири вербалната војна меѓу бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и францускиот претседател Емануел Макрон, новиот министер за туризам на Бразил повторно додава бензин на огнот. И уште побрутално од самиот Болсонар. Ренцо Гарсија, поранешен борец во ММА и нов член на бразилската влада, кој е задолжен за туризмот, рече дека Макрон е „кловн“ […]

Турската ѕвезда во Венеција: Мерием Узерли како Хурем Султан


Италија– Турската актерка која со ќерка си живее во Германија, Мерием Узерли, кај нас позната како Хурем Султан, беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, каде заблеска со преубава тоалета. Станува збор за раскошна тоалета во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанонско-италијански дизајнер Тони Вард. Магичната тоалета со своето широко здолниште исполнето со ситни […]

Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд


Во петок и за време на викендот во попладневните часови се најавува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе се движат од 24 до 33 степени. Веќе од понеделник повторно се очекува стабилизирање на времето. Стабилното и сончево време ќе се задржи уште утре кога ќе дува умерен северен ветер. Утринските […]

MSH: Janë siguruar mjete për furnizim të ilaçeve për sëmundje të rralla dhe insulinë


Në seancën e djeshme të 152-të, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut e miratoi ribalancin e  buxhetit, me çfarë në mënyrë shtesë në një lartësi prej 183 milionë denarë për furnizimin e ilaçeve për sëmundje të rralla dhe insulinë, ndërsa njëkohësisht në Fondin për Mbrojtje Shëndetësore janë alokuar 660 milionë denarë për realizim të […]

Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео порака на Фејсбук, осврнувајќи се на преговорите за законот за Јавно обвинителство,  порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој […]

Димитров: Старт на преговорите со ЕУ и членство во НАТО за да ги задржиме младите дома


Северна Македонија очекува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, што ќе ги убеди младите луѓе да не ја напуштаат земјата во потрага по европски начин на живот, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Ројтерс. – Стравуваме дека земјите од Западен Балкан ќе бидат обесхрабрени во натамошниот […]

Царовска: Градиме социјален систем кој вистински се грижи за граѓаните


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, присуствуваше на конференцијата организирана од универзитетскиот центар во Дубровник, на тема „Социјална работа и општествени промени“. Социјалната реформа спроведена од МТСП беше посочена како позитивен пример за тоа како владата се грижи и инвестира во луѓето, соопштија од Министерството. – Социјалната работа и силните социјални системи ги […]

Соработка со Британскиот Универзитет Лондон Метрополитен во центарот Еуро Колеџ


Подобрување на квалитетот на високото образование во нашата земја, соработката меѓу високо образовните институции од двете земји, како и опциите за евентуална понатамошна продлабочена соработка, беа темите на кои дискутираа на средба претставници на државниот универзитет Лондон Метрополитен од Велика Британија со министерот за образование и наука Арбер Адеми. Целта на посетата на делегацијата од […]

Полицијата вчера казнила 59 возачи, а пајакот подигнал 53 возила


Во текот на изминатиот ден полицијата издала 59 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак” на подрачјето на СВР Скопје. При преземени мерки и активности е констатирано дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Според информациите од СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои […]

Ахмети свика седница на Централното партиско претседателство


ДУИ денеска во седиштето во Мала Речица ќе одржи седница на Централното претседателство на партијата. Седницата на која ќе се разгледува актуелната политичка состојба во земјава, како и внатрепартиската организација на партијата пред оддржување на изборниот Конгрес на ДУИ, ја свикал претседателот на партијата Али Ахмети.

Екипажите на КЛМ штрајкуваат на аеродромот во Амстердам


Холандија – Холандскиот авиопревозник КЛМ, што е филијала на француската компанија „Ер Франс“,  утринава ги откажа летовите од амстердамскиот аеродром заради штрајк на екипажите. Ова е втор штрајк неделава на летачкиот персонал до кој доаѓа заради спор со компанијата околу работните договори, пренесуваат американските медиуми. „Штрајкот во траење од 5,30 до 8 часот веројатно ќе доведе […]

Разбиена криминална група која крадела автомобили во нашата земја и ги пренесувала во Албанија


Албанија– Албанската полиција уапси 53-ри годишен жител на градот Прењас кој во соработка со други лица преку зелениот граничен појас пренесувале украдени автомобили од Република Северна Македонија во Албанија. На уапсениот Џ.Б. во тоа му помагал А.Р.жител на Струга, по кого се трага, како и неколку други лица. – Истрагата покажаа дека Џ. Б.(53) од Прењас […]

Македонија и годинава дел од Европската недела на кодирање


Северна Македонија и оваа година активно учествува во Европската недела на кодирање, што ќе се одржи од 5 до 20-ти октомври. Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија и е лансирана прв пат во 2013-та година и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа. Во рамките на Европската недела на кодирање […]

Иран ја одби понудата за кредит од ЕУ во износ од 15 милијарди долари


Иран– Иран ја одби понудата за кредит од 15 милијарди долари од европските земји за да ја заштити економијата од последиците на санкциите што САД повторно им ги воведоа, јави денеска државната Прес ТВ. Веста следеше набрзо по изјавата на висок европски функционер кој кажа дека Иран би можел да се согласи на таков договор […]

Падот на Прага – пијаните туристи го освоија градот


Чешка- Еуген Кукла не можеше да ги искаже своите чувства појасно додека 120 пијани туристи бучно поминуваа покрај неговиот дом околу полноќ, грубо кршејќи ја тишината на една нормално улица со жители во градот. „По ѓаволите со овие што се влечат по пабови“, повторуваше одново и одново, додека ја снимаше сцената со неговиот паметен телефон. […]

Албанија нè престигнува во битката против корумпираните функционери


Планираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, во кое би се споиле обвинителствата што досега ги водеа Катица Јанева и Вилма Русковска, треба да стартува со работа за само две седмици. Но тоа ќе се реализира само ако во наредните денови парламентарните партии постигнат консензус за новиот закон за јавно обвинителство, кој е […]