Турската ѕвезда во Венеција: Мерием Узерли како Хурем Султан


Италија– Турската актерка која со ќерка си живее во Германија, Мерием Узерли, кај нас позната како Хурем Султан, беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, каде заблеска со преубава тоалета.

Станува збор за раскошна тоалета во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанонско-италијански дизајнер Тони Вард.

Магичната тоалета со своето широко здолниште исполнето со ситни циркони, направи Мерием да изгледа како принцеза од бајките, а нејзината фризура беше покриена со преубаво и богато украсено венче кое потсетуваше на круна.

Актерката има само 35 години, а фановите многу ѝ замеруваат дека си го уништила лицето со пластични операции.