Иран ја одби понудата за кредит од ЕУ во износ од 15 милијарди долари


Иран– Иран ја одби понудата за кредит од 15 милијарди долари од европските земји за да ја заштити економијата од последиците на санкциите што САД повторно им ги воведоа, јави денеска државната Прес ТВ.

Веста следеше набрзо по изјавата на висок европски функционер кој кажа дека Иран би можел да се согласи на таков договор со европските сили, пренесоа британските медиуми.

-Иран го одби заемот од 15 милијарди долари што го нуди ЕУ, соопшти иранската Прес ТВ на англиски јазик, без да даде дополнителни детали за одлуката.