Екипажите на КЛМ штрајкуваат на аеродромот во Амстердам


Илустрација
Холандија – Холандскиот авиопревозник КЛМ, што е филијала на француската компанија „Ер Франс“,  утринава ги откажа летовите од амстердамскиот аеродром заради штрајк на екипажите.

Ова е втор штрајк неделава на летачкиот персонал до кој доаѓа заради спор со компанијата околу работните договори, пренесуваат американските медиуми.

„Штрајкот во траење од 5,30 до 8 часот веројатно ќе доведе до измени во редот на летање“, се наведува во соопштението на КЛМ.