Брегу: Одложувањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија е ризик


Словенија – Европската унија секогаш ќе биде недовршена работа без Западен Балкан, а цената на стагнацијата и натамошно одложување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија преставува ризик, изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу. Неотварањето преговори би донело нестабилност, емиграции, неконструктивно влијание на други геополитички актери, прецизираше Брегу на синоќешниот […]

Папата Франциск на турнеја низ Африка, климатските промени во фокусот


Мозамбик– Папата Франциск ја почна едноделната турнеја по африканскиот континет во која ќе ги посети Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус, трите земји на кои им се закануваат климатски промени, а покрај тоа, исто така, се и тешко погодени од сиромаштијата и судирите. Заштитата на околината и опасностите од климатските промени се во центарот на агендата на […]

Бекам како Џејмс Бонд за насловната на „GQ“


Англија– Најновиот, октомвриски број на британскиот магазин „GQ“ го краси 44-годишниот фудбалер Дејвид Бекам. Ова издание е посветено на „Годишните награди за Маж на годината“, кои се одржуваат по 22. пат. На црвениот ќилим во Лондон продефилираа актери и пејачки од светскиот џет-сет. Бекам ја доби специјална награда од уредништвото и се најде на првата […]

Ременски дојде во Обвинителството на распит за „Рекет“


Пратеничката Фросина Ременски изутринава дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените […]

Сите заедно против Орбан на изборите во Будимпешта


Будимпешта – Гласачите во унгарската престолнина обично не се фанови на Виктор Орбан, но со години не успеаја да се ослободат од него или од неговите сојузници. Неговите противници се надеваат дека оваа година ќе биде различна и ќе можат да направат дупка во поддршката на премиерот, сето тоа благодарение на тимската работа. Унгарија се […]

Тренд од Холивуд : Кендал Џенер ги носи омилените чизми на трендсетерките


САД– Дизајнерот за чевли Стјуарт Вајцман во Холивуд го има статусот како Маноло Бланик и Кристијан Лабутан. Од луксузни чевли за црвените килими и невести до патики за секој ден. Топ-манекенките се тепаат секоја сезона да станат заштитни лица на брендот , а оваа есен-зима и успеа на Кендал Џенер (23) која позира со новите […]

Прва конститутивна седница на новиот состав на Советот за безбедност


Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана првата конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Националниот Совет за национална безбедност го сочинуваат девет члена. Покрај шефот на државата, по функција членови се и претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за […]

Бахамите бројат мртви, Флорида на удар, нека се подготви и Каролина


По разорниот удар на ураганот „Доријан“ на Бахамите, тој се упати кон САД. Сиолните ветрови, дождот и поплавите кои веќе ја погодија Флорида, ќе се прошират и на Јужна и Северна Каролина. Тропската бура стигна до брегот на Флорида, а иако веќе не е категорија пет, сепак се зголеми обемот па ветровите зафатија поширока територија, […]

Бр. 500


Сите заедно против Орбан на изборите Ме фаќа страв кога гледам назад Албанија не претрка во битката со корумпираните Новиот шеф на СЈО мораше да се знае досега Стеван Павлески нема да ја брани Јанева Вип се ребрендираше во А1

Ердоган: Зоната за деескалација исчезнува, безбедната зона е само збор


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека таканаречената зона за деескалација во регионот на Идлиб во Сирија полека исчезнува поради нападите на владините сили. Тој додаде дека безбедната зона во Сирија, во која би требало да се засолнат оние кои бегаат од војната, сега не е ништо повеќе од име. Идлиб, кој се наоѓа во […]

Серена Вилијамс стигна до полуфиналето на УС Опен


САД– Американката Серена Вилијамс ќе игра во полуфиналето на УС опен, откако ноќеска ја победи Кинеската Ванг Кианг во второто четвртфинале со 2:0. Вилијамс на ривалката и препушти само еден гем во првиот сет и експресно за само 44 минути извојува победа. Во полуфиналето Вилијамс ќе се соочи со Украинката Елина Свитолина. Вкупниот награден фонд на […]

Мадуро нареди воени вежби на колумбиската граница


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди воени маневри на границата со соседна Колумбија. – Ако сакате мир и суверенитет, подгответе се да го одбраните, рече тој во говор пред војниците во главниот град Каракас. Со оглед на тензиите меѓу соседните земји, Мадуро ги стави во состојба на зголемена готовност сите единици на границата и најави […]

Преговори или партиски игри


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Драматиката со која политичките структури во државата со месеци решаваат каква да биде судбината на СЈО, односно како да им судат, кого да судат и дали воопшто да им судат на тие што ја злоупотребуваат функцијата а се на висока позиција, ја надмина секоја мерка. Фарсата е веќе видена – ќе преговараат, преговараат, […]

Џонсон: Парламентот е на работ да уништи било каков договор со ЕУ


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека парламентот е „на работ да уништи било каков договор“, што неговата влада ќе може да го постигне со ЕУ за условите за излез на Велика Британија од Унијата. Џонсон, кој ноќеска претрпе голем пораз во парламентот бидејќи ториевските побунети и опозициските пратеници гласаа за преземање на контролата врз […]

Оскаровката Шарлиз Терон со нова фризура


САД- Оскаровката Шарлиз Терон (44) ќе глуми во деветтото продолжение на акцискиот филм „Брзи и бесни“ и во целост го промени својот имиџ за потребите на филмот. Шарлиз ја репризира улогата на главната негативка Сајфер, која ја играше и во претходното продолжение пред две години. Актерката објави фотографија на „Инстаграм“ и само напиша: „Се вратив“. […]

„Волмарт“ престанува со продажба на оружје поради масовните убиства


  Компанијата „Волмарт“ соопшти дека ќе престане со продажба на муниција за пиштоли и онаа која може да се користи за автоматски пушки во продавниците ширум САД. Овој потег доаѓа по неодамнешните масовни убиства во Тексас и Охајо. „Волмарт“ е најголем продавач на оруќје во САД, а како и останатите корпорации, сѐ повеќе се вклучува […]

Федерер елиминиран од Димитров во четвртфиналето на УС опен


САД- Третиот турнирски носител Роџер Федерер (Швајцарија) рано утрово загуби со 3:2 од  бугарскиот тенисер Григор Димитров во четвртфиналето на Грен слемот УС опен. Во меч што траеше три часа и десет минути, Федерер двапати водеше, но на крајот мораше да му честита на упорниот противник. Резултатот по сетови: 6:3; 4:6; 6:3; 4:6 и 2:6. Противник […]

Јанева оди во аут сосе тајните од „Рекет“?


Разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева е закажано за в четврток на програмата во парламентот. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе се состане утре во 12 часот за да го разгледува извештајот од Советот на јавни обвинители, според кој, Јанева својата функција ја извршувала незаконски, несовесно и нестручно, алудирајќи на аферата „Рекет“. […]

Чавушоглу: Турција е против добивање посебен статус во ЕУ


Турција– Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази несогласување со позицијата на словенечкиот претседател Борут Пахор, кој побара доделување „посебен статус“ на Турција во Европската унија, јавија турските медиуми. -Љубљана до минатата година активно ја поддржуваше идејата за прием на Турција во ЕУ. Не ја знам причината поради која таа ја промени својата позиција. […]

Манџукиќ и Џан не се на списокот на Јувентус за ЛШ


Италија– Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го објави списокот со фудбалери кои ќе конкурираат за настап во групната фаза во Лигата на шампионите. На списокот ги нема Емре Џан и Марио Манџукиќ. Исто така, голманот Матиа Перин и дефанзивецот Џорџо Киелини не се во конкуренција поради повредени. Сари ќе смета на овие фудбалери: голмани: Шчесни, Буфон, […]