Манџукиќ и Џан не се на списокот на Јувентус за ЛШ


Италија– Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го објави списокот со фудбалери кои ќе конкурираат за настап во групната фаза во Лигата на шампионите. На списокот ги нема Емре Џан и Марио Манџукиќ.

Исто така, голманот Матиа Перин и дефанзивецот Џорџо Киелини не се во конкуренција поради повредени.

Сари ќе смета на овие фудбалери:
голмани: Шчесни, Буфон, Пинсоло;
одбрана: Де Шиљо, Де Лихт, Алекс Сандро, Данило, Бонучи, Ругани, Демирал;
среден ред: Пјаниќ, Кедира, Ремзи, Матуиди, Квадрадо, Рабио, Бентанкур;
напаѓачи: Роналдо, Дибала, Даглас Коста, Игуаин, Бернардески.

Јувентус е во група со Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид и Локомотив Москва.