Серена Вилијамс стигна до полуфиналето на УС Опен


САД– Американката Серена Вилијамс ќе игра во полуфиналето на УС опен, откако ноќеска ја победи Кинеската Ванг Кианг во второто четвртфинале со 2:0.

Вилијамс на ривалката и препушти само еден гем во првиот сет и експресно за само 44 минути извојува победа.

Во полуфиналето Вилијамс ќе се соочи со Украинката Елина Свитолина.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.