Ердоган: Зоната за деескалација исчезнува, безбедната зона е само збор


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека таканаречената зона за деескалација во регионот на Идлиб во Сирија полека исчезнува поради нападите на владините сили.

Тој додаде дека безбедната зона во Сирија, во која би требало да се засолнат оние кои бегаат од војната, сега не е ништо повеќе од име.

Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, е последно големо упориште на бунтовниците.