Монако подготвен да плати 65 милиони евра за Икарди


Италија – Монако е подготвен да понуди 60-65 милиони евра плус бонуси за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пренесува „Фудбал Италија“. Клубот од Кнежеството за играчот планира петгодишниот договор со плата од 12 милиони евра по сезона. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец би сакал да се пресели во Јувентус, но засега има понуда само од Наполи. Интер […]

Грчкиот митрополит Амвросиос, кој е осуден за говор на омраза, си поднесе оставка


Грција– Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро  ги критукуваше оние за кои смета дека се однесувале на „нехристијански и негрчки“ начин, вклучувајќи ги хомосексуалците, мигрантите и политичарите, вчера си поднесе оставка. Митрополитот Амвросиос (81), кој од 1978 година служеше во епархијата Калаврита, на југот на Грција, оставката ја објави во текот на неделната […]

Северина во Струмица: Стил кој не излегува од мода


За настапот во Струмица, регионалната поп-ѕвезда  Северина се фотографираше во романтична модна комбинација – здолниште со асиметричен крој и карнери во силна црвена нијанса, во комбинација со точкаста кошула. Силната црвена нијанса веќе ја гледаме на модните парчиња од есенските колекции на познатите луксузни модни марки, како и во колекциите на омилените „хај стрит“ брендови. […]

Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен


Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција. Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил. Известен е јавен обвинител и […]

Концерт на „Охридско лето“ по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски


Со концерт посветен на јубилејот – 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски,  фестивалот „Охридско лето“ вечер ќе го заокружи музичкиот дел од годинашната Програма. На авторската вечер во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21:00 часот посветена на творештвото на Томислав Зогравфски, ќе настапат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија […]

Заврши анкетата за прибирање предлози за нови имиња на топоними во Скопје


Заврши анкетата во која скопјани можеа да предлагаат нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август. Граѓаните имаа можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со […]

АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло


Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ. Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – […]

По рампата за македонските компири и медот: Во игра и транзитна такса за косовските камиони


Македонија ќе се обиде преку дијалог да го надмине трговскиот спор со Косово. Ако не оди, во арсеналот ја има и непопуларната мерка – транзитна такса за камионите што носат стока во Косово. Пресметките за брзиот и голем негативен ефект од зафатот од прва треба да му покажат на северниот сосед дека во случајов не […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од […]

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а дневната температура од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 15 степени, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Преголемото размислување ве спречува да дејствувате исправно: денес откривате дека големите планови не значат ништо, ако немаат практична примена. Секако, тие треба да им служат и на вашите најблиски, со кои што се договарате како да ја смените рутината и да го подобрите животниот стандард. Отворете ги очите и немојте да сте суетни. БИК: […]

Локализиран пожарот од страна на Пинтија


Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума. Територијалната противпожарна […]

Пожарот кај Пинтија е се уште активен


Пожарот во Пинтија се уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната […]

ПМФЛ: Вардар ремизираше, Шкендија со втор пораз


Екипата на Борец успеа да освои бод во пресметката со најтрофејниот македонски клуб Вардар откако ремизираа со резултат 0:0. „Црвено-црните“ немаа свој ден, а домаќините играа и со играч помалку, по исклучувањето на Петров во 75-тата минута од средбата. Во првото коло, вардарци загубија од Македонија Ѓ.П. со 2:0. Актуелниот шампион, Шкендија пак, претрпе нов […]

Димитров: „Рекет“ мора да биде дополнителен мотив во борбата за правда


Министерот за надворешни работи Никола Димитров порача дека расчистувањето на случајот „Рекет“ мора да биде дополнителен мотив во борбата за правда, оценувајќи го како крстосница на која треба да се одбере патот кој води кон иднината, патот на одговорноста. -Тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не чуди. Зачудува до […]

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште


Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина. Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште. – Во моментов две екипи […]

Скопските автобуси возат по алтернативни траси поради тековни градежни активности


Поради одвивање градежни активности на крстосницата од булеварот „11 Октомври“ со булеварот „Кочо Рацин“ возилата од јавниот градски превоз денеска се пренасочени по алтернативни траси на движење. Како што е објавено на веб-страницата на ЈСП „Скопје“, автобуските линии со број 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се пренасочени од булеварот „Кузман Јосифовски […]

Последен ден за предлози на нови имиња за улиците, мостовите, плоштадите во Скопје


Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња на улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти во главниот град. Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Анкетата за доставување за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, […]

Гренланд се наоѓа во состојба што научниците ја очекувале во 2070 година


Гренланд е познат по глечерите, но во изминатиот месец островот се топи со невидена брзина, а регистрирани се и пожари. Научниците не очекуваа дека Гренланд ќе се топи со ова темпо уште 50 години, до последната недела од јули, топењето го достигна ниво предвидено од климатските модели за 2070 година и тоа по најпесимистичко сценарио, […]

Грчкиот митрополит што организираше протести против Преспанскиот договор си поднесе оставка


Митрополитот Амвросиос, жесток противник на Преспанскиот договор и тврд грчки конзервативец, познат по острите изјави против оние за кои тој тврди дека се однесуваат „нехристијански“, вклучително хомосексуалци, мигранти и политичари, денес си поднесе оставка. Амвросиос во јануари годинава организираше протест против Преспанскиот договор во градот Аигио, во близина на Атина. Тој и други свештеници на […]