Пожар над населбата Пинтија, гори мешана шума


Пожар избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума. Како што соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило. – Шумски пожари има и над селото Долно Блаце […]

Малолетнички од Охрид објавувале недолични содржини за другарките


Четири малолетнички од Охрид преземале фотографии од нивни пријателки на Инстаграм, потоа ги монтирале со недолични содржини и повторно ги поставувале на социјалната мрежа, соопшти полицијата. „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до […]

Романија во втор обид за воведување данок на бакшиш


Романската влада ќе воведе нов данок на бакшиш во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа во првиот обид. Според претставниците на туристичката индустрија, мерката беше предложена да се зголеми заработката на вработените и да се подобри стабилноста на работната сила. Министерството за финансии проценува дека оданочувањето на бакшишот може да ги […]

Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот


Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели видео-порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“. Баша го обвинува својот опонент дека ја ограбува Албанија со банда олигарси,како и за перење пари од дрога и криминал. -Сите меѓународни извештаи го вперија прстот […]

Пациент уби четири лица во психијатриска болница во Романија


Четири лица ги загубија животите и други девет се повредени откако биле нападнати од пациент во психијатриска клиника во Романија. Нападот бил извршен од 38-годишен маж примен на клиниката во мал грaд северно од Бузау. Мажот влегол во соба за терапија и нападнал други пациенти со метален држач за инфузии. Од деветмината повредени, двајца се […]

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово во прекин поради сообраќајка


Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај селото Костурино од 11 часот е во целосен прекин. Од Авто-мото сојузот посочуваат дека сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

Карамбол на патот Струмица-Валандово, повредени се четири лица


Во сообраќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово, пред селото Костурино, повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица, информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица […]

Bulgaria gives North Macedonia a million leva in development aid in 2019


In 2019, the Bulgarian government has allocated more than a million leva (about 500 000 euro) for 11 development aid projects across the Republic of North Macedonia, Foreign Minister Ekaterina Zaharieva said. Zaharieva was speaking in Strumica at the opening of a multifunctional social centre in the municipality, financed with 270 000 leva from the […]

Government top officials congratulate Army Day to all soldiers


North Macedonia’s Prime Minister Zoran Zaev, congratulating August 18 Army Day to all members of the Army of the Republic of North Macedonia, said our troops are committed to equal partnership with our allies and show ability to jointly maintain regional and international peace and stability. “I would like to congratulate members of the Army […]

Хорор во Романија: Пациент уби четири лица во психијатриска болница


Пациент, кој бил сместен во психијатриска болница во Романија, со држач за инфузија уби четири лица, кои исто така биле пациенти во болницата. Инцидентот се случил во болница во романската општина Сапока. Мажот ги нападнал другите пациенти само три дена откако самиот се пријавил во институцијата. До крвавиот напад дошло утрово околу три часот, во […]

Индија повторно воведе ограничено движење во Кашмир


Индиските власти денеска повторно воведоа ограничување за слободата на движење во поголемите делови на Шринагар, најголемиот град во Кашмир, по серијата насилни судири меѓу жителите и полицијата во текот на ноќта во кои настрадаа десетици луѓе, соопштија двајца високи функционери и очевидци. Во изминатите 24 часа се случија серија протести против одлуката на Њу Делхи […]

Домашните компании премногу мали за Клиничкиот центар


Домашните градежни компании не се наоѓаат во јавниот оглас за изградба на новиот Клинички центар на влезот во Скопје. Не можат да ги исполнат критериумите што ги бара Министерството за здравство,а не ни можеле да се покажат на вакви големи објекти, оти измината декада во Македонија такви не се ни граделе. „Компаниите членки на Здружението […]

„Сандеј Тајмс“: Документ на владата за ризиците од брегзит без договор


Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, доколку нема договор за брегзит со Европската унија, објави „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на доверлив документ на британската влада за ризиците од брегзит Во извештајот, во кој имале увид од „Сандеј тајмс“, исто така се наведува дека, во тој случај, Велика Британија ја […]

Македонија со двојно повеќе жешки денови до 2065 година


Скопје летово беше во портокалова фаза, а термометрите покажуваа и до 45 Целзиусови степени. Ефектите од глобалното затоплување веќе се реалност и се случуваат, а тоа во иднина само ќе се влошува, пишува МИА. Летово цела Европа беше зафатена од топлотен бран со рекордно високи температури. Во Париз беа измерени рекордни 42,6 Целзиусови степени, со […]

Армијата го одбележува 27-от роденден


Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата. На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, со пригоден говор ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. На свеченоста ќе […]

Медведев го среди Ѓоковиќ во Синсинати


Одличната година за Данил Медведев продолжува откако Русинот забележа една од неговите најголеми победи во сезоната. Вчеравечер тој го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 3:6, 6:3, 6:3 во судирот меѓу нив во 1/2-финалето на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Синсинати. Во другото полуфинале од турнирот немаше толку драма. Давид Гофен победи […]

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија


Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои завчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“. Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош. […]

Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“


Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите […]

Заев го честита Денот на Армијата: Нашите војници се еднакви со оние од партнерите од НАТО


Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност, порачува премиерот Зоран Заев во честитката по повод 18 Август, Денот на Армијата. -Почитувани припадници на Армијата, почитувани граѓани, Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана […]

How do we get rid of corruption?


Zdravko Saveski They have abused power for personal benefit. They thought they would hide it from the public, but they failed. They thought they would go away with empty promises and throw crumbs at citizens. They thought they would continue their old ways. But everything was in vain. This story of the fall of the […]