Медведев го среди Ѓоковиќ во Синсинати


Одличната година за Данил Медведев продолжува откако Русинот забележа една од неговите најголеми победи во сезоната.

Вчеравечер тој го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 3:6, 6:3, 6:3 во судирот меѓу нив во 1/2-финалето на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Синсинати.

Во другото полуфинале од турнирот немаше толку драма. Давид Гофен победи многу поубедливо со 6:3, 6:4 во своја корист Андреј Рубљов и си обезбеди место во финалето.