„Монд“: Париз, Берлин и Хаг го блокираа проширувањето на ЕУ кон Балканот


Париски „Монд“, пишувајќи за министерскиот состанок на ЕУ  во Луксембург, објави дека три земји стојат зад блокадата за почеток на преговори со Македонија и Албанија: Франција, Германија и Холандија. „Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не ја […]

Кале ќе свети сино во знак на солидарност со бегалците


Денеска 20-ти јуни, се одбележува Светскиот ден на бегалците, ден кога светот се сеќава на тешкотиите на милионите бегалци кои се принудени да ги напуштат своите домови за да се спасат себе си и своите деца. Ова е и ден за подигање на јавната свест за придонесот што бегалците го даваат на општествата и на […]

Хрватската Влада ги зголеми квотите за увоз на сезонски работници од странство


Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување работници од странство по апел на работодавачите во областа на угостителството и градежништвото дека нема доволно работна сила во тие два сектора. Одобрени се 3.000 нови дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на летната сезона и уште 1.000 во градежништво. Доколку тоа […]

Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 на страниците на „Њујорк тајмс“


Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во нашата земја се најде на страниците на „„Њујорк тајмс“ опишувајќи го како трансформација на малиот култен автомобил „Застава 750“ од времето на социјализмот во возило од електричната ера. ЗАС Г20 е развиен од македонската компанија „ВВ Класик карс“ со помош од Фондот за иновации и технолошки […]

Филипче: Дополнително ќе се зголемат платите на лекарите специјалисти


Во однос на одливот на кадри продолжуваме со нашите политики за инвестирање во човечкиот капитал после зголемувањето на платите и дежурствата на здравствените работници минатата и оваа година продолжуваме и натаму. Во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите […]

Повеќе одлични ученици отколку места во гимназиите


  Метеж од полуматуранти и родители пред скопската гимназија „Орце Николов“, каде што за упис поднеле пријави 404 деца, а во училиштето со конкурсот предвидено е да се запишат 285 ученици во 9 паралелки. Полуматурантите не сакаат да се откажат од нивната одлука да бидат запишани во гимназијата, велат дека го избрале училиштето бидејќи нуди […]

Двајца моторџии настрадаа во сообраќајки


Во две одделни сообраќајни незгоди, настрадаа двајца возачи на мотор, и тоа 15-годишно момче кое паднало од моторот и 36-годишен маж кој се судрил со автомобил. Во средата во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано […]

Отворено писмо до Заев: Сфатете нè сериозно за МКЦ


Околу 500 културни работници испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во управувачката структура на Мкаединскиот културен центар во Скопје. На писмото се потпишани и голем број независни уметници и организации, а ви го приложуваме во целост: „Почитуван г-дине Зоран Заев, Ви се обраќаме по повод најавените промени […]

САД на Блискиот Исток ќе распореди и ракети Патриот


Најновото распоредување на дополнителни 1.000 американски војници на Блиски Исток ќе вклучува и ракети Патриот, набљудувачко летало со екипаж и без пилот и други средства за одвраќање, соопшти синоќа Пентагон. – САД не сакаат судир со Иран, но ние сме распоредени и подготвени да ги браниме американските сили и интереси во регионот, се наведува во […]

„Њујорк тајмс“: Дојче банк под истрага во САД поради трансакции за перење пари


Американските власти вршат истрага во германската Дојче банк заради сомневање за криминално неисполнување на мерките за спречување на перење пари,објави Њујорк тајмс. Истрагата е фокусирана на тоа како банката продолжила со трансакции за кои вработени во неа ги идентификувале како сомнителни. Според написот кој се потпира на изјави од седум неименувани извори, некои од трансакциите […]

Шест децени од техничките факултети: Не постои општествена пора во која не придонел инженер


Претприемничкиот дух и иновациите го движат светот, а нашата земја нема друг избор освен да чекори напред и да ги следи новите модерни трендови на дигиталното поврзување и трансформација. Наша цел е многу бргу да ја обезбедиме иднината на техничките науки, преку финансирање опрема за лаборатории како предуслов за развој на капацитетите на научните работници и […]

Скалони: Мора да го победиме Катар


Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека неговите избраници мораат да остварат триумф над Катар во 3. коло од Копа Америка. Аргентина ноќеска одигра нерешено (1:1) со Парагвај и по освоениот бод се последни во групата со еден нерешен исход и еден пораз во првите две кола. – Решението е во тоа што Аргентина мора […]

Момчето кое загина во Пинтија со шарено досие


Информацијата дека момчето кое загина во сообраќајката што се случи минатата недела во Пинтија имало 16 сообраќајни казни ја запрепасти јавноста бидејќи покажа дека низ патиштата има возачи со десетици казни, кои, освен што го ризикуваат својот живот, го ризикуваат и животот и на другите возачи и пешаци. Информацијата за казните на момчето ја соопшти […]

Американскиот гуру Раниер прогласен за виновен


Американскиот гуру Кит Раниер (58) беше прогласен за виновен од поротата на федералниот суд во Бруклин по сите точки од обвинението поврзaни со неговата група, која му овозможила да има харем на сексуални робинки. Обвинението го товареше за трговија со секс, изнудување, злосторничко здружување, закана и злоупотреба на малолетнички. Тој се криеше зад организација наречена […]

Британија во френетична потрага по нов премиер


Лидерот на „Брегзит“, Борис Џонсон, изгледа дека го зацврсти своето место во трката за водство на Велика Британија, откако остана нечепнат во телевизиската дебата против неговите четири преостанати ривали, пишува АФП. Поранешниот министер за надворешни работи ја задржа својата смиреност и во ниеден не потклекна момент во пресметката што следеше по гласањето во вториот круг, […]

Трамп ја почна кампањата со лажни тврдења и рециклирани напади


Доналд Трамп ја постави сцената за најгрубата претседателска трка во САД во модерните времиња, со кампања во која рециклираше стари теми и предизвика вознемиреност кај демократите и медиумите. Претседателот официјално ја започна својата кампања за американските избори во 2020 година, пред 20.000 луѓе во спортска сала во Орландо, во клучната држава Флорида, покажувајќи дека неговата база […]

Судот на ЕУ го прогласи логото на „Адидас“ со три ленти за неважечко


Вториот највисокиот суд на Европската Унија во средата пресуди дека брендирањето со три ленти од „Адидас“ било неважечко како трговска марка бидејќи немало дистинктивен карактер, пренесе Ројтерс. Генералниот суд на Европската Унија соопшти дека ја потврдил одлуката на Европската канцеларија за интелектуална сопственост (ЕУИПО) во 2016 година за поништување на претходна одлука за прифаќање на […]

Бр. 438


Александар Кржаловски – Датумот Трамп ја почна кампањата со лажни тврдења и рециклирани напади Опозицијата бара оставки, власта нуди само реконструкција ЕУ носи одлуки против своите вредности Повеќе одлични ученици отколку места во гимназиите На потрошена илјадарка – државата ќе враќа 27 денари

Опозицијата бара оставки, власта нуди само реконструкција


Опозицијата вчера бараше оставки од премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, како и од шефот на дипломатијата Никола Димитров, како реакција на заклучокот на европските министри со кој одлуката за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ се одложува до октомври годинава. Иако во заклучокот од министерскиот совет во Луксембург силно […]

Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон поради повреда на коленото. Ова е официјално потврдено на твитер-профилот на турнирот. Аргентинецот во првиот круг го победи канадскиот тенисер Денис Шаповалов (7:5, 6:4). Неговиот противник требаше да биде Шпанецот Фелисиано Лопез, кој без борба обезбеди учество во четвртфиналето.