Американскиот гуру Раниер прогласен за виновен

Американскиот гуру Кит Раниер (58) беше прогласен за виновен од поротата на федералниот суд во Бруклин по сите точки од обвинението поврзaни со неговата група, која му овозможила да има харем на сексуални робинки.

Обвинението го товареше за трговија со секс, изнудување, злосторничко здружување, закана и злоупотреба на малолетнички.

Тој се криеше зад организација наречена „Нексиум“, основана во 2003 година, чија задача официјално беше да организира курс за личен успех.

Долгокосиот харизматичен лидер од самиот почеток имал потесен круг од 15 до 20 жени кои биле под негово влијание и со кои имал сексуални односи секогаш кога сакал. Меѓу нив имало и петнаесетгодишна девојка.

За време на шестнеделното судење, Обвинителството го прикажа како манипулатор, кој се користел со познати психолошки средства за да ги држи жените потчинети.

Авангарда, како што го викале, секогаш тврдел дека сексуалните односи со членките на групата биле консензуални.

Судот поднесе тужба против шест лица, но петмина се изјаснија за виновни за да го избегнат судењето.