Скалони: Мора да го победиме Катар

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека неговите избраници мораат да остварат триумф над Катар во 3. коло од Копа Америка.

Аргентина ноќеска одигра нерешено (1:1) со Парагвај и по освоениот бод се последни во групата со еден нерешен исход и еден пораз во првите две кола.

– Решението е во тоа што Аргентина мора да го порази Катар. Среќни сме што сè уште имаме шанси. Треба да играме повеќе како во второто полувреме против Перу, изјави Скалони.

Не знам дали најдобриот состав е со Меси, Агуеро и Мартинез, но без сомнение, тоа беше најопасниот состав, додаде аргентинскиот селектор.

„Гаучосите“ со Катар се среќаваат в недела и за сигурен пласман во четвртфиналето потребна им е победа.