Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за 20 години


Белгија – И покрај рекордно високата поддршка за Европската Унија кај граѓаните, тие не веруваат дека таа ќе опстои во наредните десет до дваесет години, според анкета на тинк тенкот Европски совет за надворешни односи, ЕЦФР. Граѓаните во Словачка, Франција, Романија, Полска и Италија се на врвот на листата на песимисти за иднината на ЕУ, со […]

СПЦ одлучи да го обнови дијалогот со МПЦ


Србија – Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг цитирајќи ја „Политика“. Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера […]

Османи: Само ДУИ може да нè смени


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата. Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова […]

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски


Политичкото мнозинство е пред нов предизвик да обезбеди двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на пратеникот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја извести дека Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од […]

Апелација одлучува: Спиро Ристовски бара да излезе од притвор


Апелацискиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание. Вчера на јавна седница на Апелацискиот суд Ристовски побара да му биде укинат притворот или […]

Сите македонски претставници на Евросонг


Официјално Македонија е дел од Евровизија од 1998 година, кога ова музичко натпреварување се одржа во Бирмингем, Велика Британија. Таа година наш претставник беше Владо Јаневски со песната „Не зори, зоро“ со која го освои 19. место. 2000 година настапи женската група XXL со песната „100 посто те љубам“ со која освоија 15. место. 2002 […]

Метрополитен музејот одбива донации од фармацевтско семејство


САД – Њујоршкиот музеј Метрополитен објави дека повеќе нема да прима донации од семејството Саклер кое се збогатило со производство на опијати, јави Би-Би-Си. Супербогатото семејство е сопственик на Пурду Фарма, компанија која произведува лекови како што е аналгетикот Оксиконтин, поврзан со смртта на илјадници Американци. Компанијата ги отфрла обвинувањата дека го намалувала ризикот од развој […]

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски


Принцот Едвард, грофот од Весекс, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски. Британскиот принц ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста. Предвидено е за време на престојот […]

Славниот контратенор Јуриј Мињенко ѝ гостува на Филхармонија


„По патот на Фаринели“ е насловот на симфонискиот концерт на Филхармонијата кој ќе се одржи вечерва во 20 часот. Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе настапи славниот контратенор од Украина, Јуриј Мињенко, кој заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од Вивалди, Корели, Броски, Глук, Порпора, Хендл. Инаку, македонскиот диригент Борјан […]

Официјално отворање на МЕФ 2019


Со воведно обраќање на премиерот Зоран Заев и вршителот на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Микаела Швајцер-Блум денеска во струшкиот хотел Изгрев официјално ќе биде отворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019“. На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот […]

Тага по загинатите кај Драчево: Илјер не го дочека новиот почеток


Пред куќата на Илјер Ајвазовски (39) во скопската населба Драчево се собираат луѓе. Блиски, роднини, пријатели, соседи, но и непознати луѓе доаѓаат за последен пат да се простат со него. Тој е еден од петтемина скопјани што загинаа завчера пред полноќ во стравотната несреќа пред влезот на Драчево кога автомобил „рено“ се заби во камион […]

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени


Франција – Поголемиот дел од парите ветени за обновување на катедралата Нотр Дам допрва треба да се уплатат, изјави надбискупот на Париз Мишел Опети. – Износот од милијарда евра, кој беше споменат во медиумите, не е ветен од некоја голема фондација или администрација, изјави надбискупот Опети. Катедралата Нотр Дам беше тешко оштетена во пожарот, кој избувна […]

Земјата на дното по производство на крафт-пиво


 – Стабилна на дното и уште долго време горда на оваа позиција. Вака со „два збора“ познавачите опишуваат како котира земјава во однос на занаетчиското (крафт) пиво ако се спореди со опкружувањето или „не дај Боже“ со европскиот и светскиот тренд. Производителите заглавени во лавиринтите на институциите, не губат надеж. Дали конечно државата ќе го препознае […]

САД подготвија втор пакет санкции кон Русијa поради труењето на Скрипал


САД – САД подготвија втор пакет санкции во врска со хемискиот напад во Солсбери и случајот „Скрипал“, и текстот е испратен кај државниот секретар и претседателот, изјави заменик државниот секретар Андреа Томсон на сослушување во американскиот Сенат. – Направивме анализи за тие санкции, ги подготвивме и ги испративме кај државниот секретар и претседателот, изјави таа […]

МАНУ одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски


Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ) денеска, во 12 часот, одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски. Во рамки на одбележување на јубилејот, промовирано ќе биде пригодното издание „100 Години Ѓорѓи Филиповски“ од академик Глигор Јовановски, а прикажан ќе биде и филмот „Приказна од еден век – академик Ѓорѓи […]

Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан


Во Скопје денеска ќе се одржи Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан на кој ќе биде промовирано женското претприемништво. Настанот ќе овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси […]

Второ полуфинале на Евросонг: Тамара со „Proud “ќе пее за финале


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска вечерва со песната со „Proud“ настапува претпоследна, од 18 учесници, на второто полуфинале на Евросонг кој во неделата беше свечено отворен во Тел Авив. Вечерва за влез во финалето се борат и претставниците на Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Нови шанси кои ќе ве доведат до елитни места и ќе добиете нови покани: Месечината во Вага ве повикува на дружење и уживање во широкиот социјален круг, каде што од вас се бара да се придржувате до протоколот и правилата. Ускладете се со останатите и честитајте си меѓусебно: потрудете се да не правите шоу […]

Бр. 411


Ѓорги Спасов – Заев пред нова и потешка задача Перо Антиќ на чело на кошаркарската федерација Еди Рама прави етничка поделба кај нас Бујар Османи: Само ДУИ може да не смени Образованието доби “тројка”, 14 наставници “единица” “Југохром” го одби кредитот од Владата

Социјалните медиуми потпишаа Повелба за отстранување на насилни содржини


Седум големи интернет компании и социјални мрежи заедно со десетина земји, денеска во Париз потпишаа Повелба за отстранување на насилни, терористички и екстремистички содржини од интернет. Иницијатор на Повелбата беше новозеландската премиерка Џасинда Ардерн, откако на Фејсбук во живо беше пренесуван нападот на еден бел супремацист врз две џамии во градот Крајстчрч на Нов Зеланд, […]