Во Шпанија разбиена мрежа за трговија со луѓе


Шпанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе, при што уапси 11 лица осомничени дека организирале превоз на илегални мигранти преку Средоземното Море. Полицијата соопшти дека уапсените организирале превоз на мигранти од Мароко до бреговите на Шпанија, со мали чамци што не се наменети за пловење по отворено море. Според полицијата, за „превозот“ мигрантите на […]

Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Северна Македонија


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево на Скопскиот аеродром го пречека принцот Едвард, грофот од Сасекс. По тој повод, Шекеринска на Твитер напиша „уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји“. Неговото височество принцот Едвард утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија […]

Филипче: Ќе имплементираме европски стандарди на полето на стерилизацијата


Здравствена заштита од болнички инфекции, унапредување на системот за стерилизација и намалување на ризикот од пост-оперативни инфекции ќе овозможи јавното-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати, што е економски модел за долгорочно инвестирање во здравствениот систем. Тоа вклучува нови инструменти за сите установи каде се вршат хирушки интервенции, според најсовремени европски стандарди, […]

Богоевски во полиција пријави недозволено снимање и сам себе за масло од канабис


Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото канабис, но поднел пријава и за непознат сторител, јавува Телма. Тој во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави самиот, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски […]

По Гризман, Барселона планира уште еднa трансфер „бомба“


Тимот на Барселона напорно работи на изградба на нов тим за новата сезона. За време на оваа кампања, Каталонците немаа проблем да ја освојат титула во Премиер лигата, но тоа не беше случај во Лигата на шампионите, каде што тимот испадна во полуфиналето. Претходно во сезоната беше објавен трансферот на Френки де Јонг од Ајакс, […]

Сите средби помеѓу Путин и Трамп


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи изрази подготвеност да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп за време на Самитот на Г-20 кој е планиран да се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака. Но, резултатите од петте досегашни самити на американскиот и рускиот лидер не даваат надеж за некаква […]

Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, […]

Вучиќ и Борисов разговараа за изградба на гасовод „Балкански поток“


Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска телефонски разговараа за билатералните односи и соработка и за можностите за реализација на заеднички инфраструктурни и енергетски проекти. Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, во тие рамки станало збор и за можностите за диверзификација на изворите за снабдување со природен гас на регионот преку изградба […]

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки


Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња утре ќе одржи прв состанок во Солун, откри алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на законите што произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава за отворање на нови гранични премини. -Утре заседава […]

Меркел: Со Макрон имаме различни ставови, но доаѓаме до компромис


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат. – Секако дека се бориме еден против друг, изјави Меркел за весникот „Зидојче Цајтинг“, коментирајќи ги нејзините односи со Макрон. Меркел нагласи дека сепак […]

ЕУ може да направи историска грешка на Балканот со Северна Македонија и Албанија


ЕУ не треба да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, оцени „Фајненшал Тајмс“. ЕУ би можела да направи историска грешка на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата на самитот во јуни треба да одлучат за пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. […]

Путин подготвен за средба со Трамп на Самитот на Г-20


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека можеби ќе има средба со својот американски колега Доналд Трамп на маргините на Самитот на Г-20, што кон крајот на идниот месец ќе се одржи во Јапонија. Изјавата на Путин следи по вчерашната најава на Трамп дека планира да се сретне со него за време на Самитот на […]

Северна Македонија осма на светските ранг листи во параглајдинг по Европскиот куп во Албанија


Параглајдеристот Борјан Јованоски освои второ место на европски куп во параглајдинг „Албанија Опен”, што се одржа од 4 до 11 мај во Валона, Република Албанија. – По претходниот успех во Турција, Борјан се најде на шестото место на светската ранг листа на параглајдеристи, во конкуренција од 76 пилоти од 15 држави, што ја пласира Северна Македонија на осмото место на светската […]

Демократска алијанса иако е против Договорот од Преспа, ќе гласа за отворање на новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција


Со ладно и тешко срце, со вистинска загриженост, но со единствен критериум развој на добрососедските односи меѓу двете земји и економски развој на северна Грција, ќе гласаме за двата договори, рече пратеникот од Демократска алијанса, Јоргос Карас на денешната пленарна седница за ратификација на договорите за отворање новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, […]

Нејмар го притиска ПСЖ да го привлече Кутињо


Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар го притиска раководството на клубот да го привлече Филипе Кутињо од Барселона, информира „Екип“. Според информациите, Нејмар и неговиот татко веќе разговарале со претседателот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Антеро Енрике за евентуалниот трансфер на Кутињо. Добрите односи меѓу двата бразилски играчи ќе го олеснат трансферот на играчот од […]

Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција. Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано. […]

Околу 50 Палестинци повредени на границата меѓу Појасот Газа и Израел


Речиси 50 Палестиници се повредени откако ја нападнаа израелската армија на границата помеѓу Појасот Газа и Израел. Палестинците денеска го одбележуваат Денот на катастрофата (Ал Накба) односно 15 мај кога Израел во 1948 година стана независна држава. Илјадници луѓе денеска се собраа на границата со Израел, додека Хамас, кој го контролира Појасот Газа прогласи генерален […]

„Очајната домаќинка“ Фeлисити Хафмен осудена на четири месеци затвор поради давање мито


Актерката Фелисити Хафмен ќе мине четири месеци во затвор и ќе мора да плати 20.000 долари бидејќи давала мито за да ја запише својата постара ќерка Софија Мејси на колеџ, објавија американските медиуми. Пред еден месец таа призна дека му дала пари на Вилијам Сингер, кој ѝ гарантирал дека нејзината ќерка ќе биде запишана. Фелисити […]

Забавниот парк кај ,,Борис Трајковски“ е на приватен имот


Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Од Град Скопје  и Општина Карпош велат дека забавниот парк пред базенот „Борис Трајковски“ се наоѓа на приватен имот. Закупник на просторот е фирмата „Луна 10 Битола“, која е регистрирана за вршење дејност забавни и тематски паркови. „Станува […]

Замир Мехмети: Знам за приватните проблеми на Павле


Поранешниот активист кој беше дел и од „Шарената револуција“, Замир Мехмети, се огласи по низата напади и критики во врска со објавената аудио снимка на која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. Откако Богоевски призна дека тоа е неговиот глас и дека набавувал нелегални супстанци, односно масло од канабис, јавноста реагира дека тој треба […]