Викотници и пцуење на „Диво насиље“


Викотници, пцуење и драма на почетокот на јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на осудените за „Диво насеље“. Новинарите и јавноста еден час ги проверуваа додека влегоа во судница, а само што почнаа камерите да снимаат осудениот Генц Сефај стана и почна да вика дека не го признава судот и дека бара […]

Васил Стерјовски седна во собраниската сала на албанскиот Парламент


Со давањето заклетва на денешната пленарна седница, Васил Стерјовски и официјално стана пратеник во албанскиот законодавен дом. Со тоа тој стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Стерјовски е дел од независната пратеничка група, која е формирана […]

Османи: Промените во Владата согласно фокусот на економските прашања


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања. Тој повторно најави дека промените во Владата ќе следуваат по средбата на Зоран Заев и Али Ахмети, лидери на најголемите партии во владејачката […]

„Кралевите“ сакаат уште една ѕвезда од Премиер лигата, Реал преговара и со Мохамед Салах


Реал почнал преговори со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, тврди новинарот Филип Карајон на францускиот „Канал плус“. – Зинедин Зидан не го сака само Еден Азар во клубот. Постојат одредени контакти меѓу Реал и Мохамед Салах, истакна Карајон. Оваа вест ќе добие голем одѕив доколку е точна, бидејќи евентуалниот трансфер на Салах кај „кралевите“ сигурно […]

Хрватска: 16 години бил лажен професор, неговата сопруга кандидат за европарламентарните избори


Професор во средно училиште во Хрватска, 16 години работел со фалсификувана диплома за завршен факултет, а неговата сопруга е кандидат на европарламентарни избори, која не знаела ништо за измамата на сопругот. Саша Ѓурѓиќ е лажниот професор кој на почетокот на овој месец даде отказ од работа, откако се открило дека има лажна  диплома од Факултетот […]

Еврогрупата ќе разговара за буџетскиот капацитет на еврозоната


Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната денеска во рамки на Европгрупата ќе разговараат за економската состојба во ЕУ и за идниот буџетски капацитет на еврозоната, тие потоа ќе се состанат со останатите министри од ЕУ кои не се дел од еврозоната, но без Британија, јави дописничката на МИА од Брисел. Деветнаесетте министри за […]

Албанија прави етничка сегрегација во регионот


Албанскиот премиер Еди Рама влече потези кои предизвикуваат загриженост во регионот бидејќи, иако се спакувани во европски целофан, се на линија на идејата за големи држави. Последен повод за тоа е одлуката со која се укинуваат работните визи за граѓаните со албанско потекло од Македонија и од Црна Гора, како дел од владината политика за […]

Претседателот Пендаровски се сретна со принцот Едвард: Честитки на изборот


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посакувајќи му добредојде во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на Неговото Височество, оценувајќи ја како потврда за силните врски меѓу Република Северна Македонија и Обединетото […]

Невремето предизвика поплави во Босилово и штети во Радовиш


Врнежите во Струмичко и Радовишко предизвикаа истекување на реката Струмица во атарот на селото Турново, а во Радовишко има оштетување на улици и наноси од земја, а во неколку населени места во оштетени се пристапите до станбени објекти. Според информациите од градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, поплавени се над дваесет хектари обработливо земјиште кај […]

Премала сцена, недостиг на кадар: Актерите од ТДМ бараат нов објект


Глумците од Театарот за деца и младинци бараат власта да ги слушне нивните барања и да им се овозможат достоинствени услови за работа. Првиот и најголемиот проблем што го посочуваат е премалата сцена на која ако се постави сценографија и ако треба во исто време да застанат четири или пет актери нема да има место […]

Поранешниот шеф на баскиската ЕТА уапсен во Франција


Поранешниот шеф на баскиската сепаратистичка организација ЕТА, кој е во бегство од 2002 година, Хозе Антонио Урутрикоецеа Бенгоецеа, е уапсен утринава во Франција, јави дописникот на МИА, повикувајќи се на шпанското Министерство за внатрешни работи. Познат како Јосу Тернера, поранешен политички лидер на ЕТА, тој е уапсен „денеска во раните утрински во Саланш на француските […]

Образованието доби „тројка“, 14 наставници „единица“


Најголем број од наставниците не се обучени да планираат и да реализираат настава во комбинирана паралелка за ученици од повеќе одделенија. Повеќето наставници не изготвуваат и не користат критериуми за оценување, иако е потребно да ги применуваат. Во поголем број училишта, односно во 60 отсто, информатичката технологија не е во функција, а несоодветно се организира […]

Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците


Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом. Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен […]

Во Клинички со две катни гаражи ќе се обезбедат 843 паркинг-места


На последната седница Владата донесе одлука да започне постапка за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје преку склучување договор за јавно-приватно партнерство. „Целта на постапката за јавно-приватно партнерство е финансирање, дизајнирање, изградба, користење, управување и одржување на новиот објект со цел да се даде квалитетна услуга. Со овој модел […]

Македонец фатен со дрога во Србија: „Јас сум само молер и одам во Хрватска“


Триесетгодишен македонски државјанин е уапсен во Србија откако преку граничниот премин Прешево се обидел да прошверцува 16 килограми марихуана. Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е откриена синоќа при детален преглед на возилото со кое се превезувал нашинецот. „Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. На цариниците им тврдел дека нема ништо […]

Швајцарски синдикати: Мораме да работиме подолго, пензискиот систем се распаѓа


Швајцарија – Во една од најбогатите и најпросперитетните земји во светот, Швајцарија, синдикатите истакнуваат дека е неизбежно подигнување на границата за заминување во пензија. Лидерот на Вработените во Швајцарија, синдикална група, која ги претставува работниците од водечките  швајцарски извозни гранки, изјави дека зголемувањето на возраста за пензионирање е неизбежно нешто, бидејќи државниот пензиски фонд е под голем […]

Најмалку девет лица затрупани под урната зграда во Шангај


Најмалку девет лица останале затрупани во зграда која денеска се урнала во финансискиот центар на Шангај. Спасувачката служба соопшти дека зградата во дистриктот Чангнинг во моментот кога се урнала била во фаза на реновирање, со цел во неа да се отвори салон за продажба на автомобили. Од 20 луѓе, 11 се извлечени од под урнатините, […]

Апелација одлучува по жалбите на осудените за Дива населба


Апелацискиот суд Скопје денеска и утре ќе ги разгледува жалбите на 33-та осудени лица за терористичкиот акт во кумановската Дива населба што се случи пред четири години. Со првостепената пресуда донесена во 2017 година седуммина добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 години, еден на 18, двајца добија по […]

Трамп прогласи вонредна состојба за заштита на телекомуникациските мрежи


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која прогласува вонредна состојба за заштита на телекомуникациските мрежи на САД од странски закани. Со указот им се забранува на американските компании да користат телекомуникациска опрема, произведена од компании кои можат да претставуваат опасност за безбедноста на земјата. Таа одлука се смета за дел од пошироките напори […]

Трамп помилува осуден медиумски магнат


Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува некогашниот медиумски магнат Конрад Блек, кој беше осуден за измама. Блек, кој неодамна напишал пофална политичка биографија за Трамп, некогаш бил сопственик на „Чикаго сан-тајмс“ и „Дејли телеграф“. Тој во 2007 година беше осуден за измама и отслужи три и пол години затвор. Блек, кој е роден во Канада, […]