Македонец фатен со дрога во Србија: „Јас сум само молер и одам во Хрватска“


Триесетгодишен македонски државјанин е уапсен во Србија откако преку граничниот премин Прешево се обидел да прошверцува 16 килограми марихуана. Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е откриена синоќа при детален преглед на возилото со кое се превезувал нашинецот.

„Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. На цариниците им тврдел дека нема ништо да пријави и оти е само молер, кој бил на пропатување низ Србија кон Хрватска каде требало да работи. Пронајдени биле вкупно 30 пакети во автомобилот, како и две кеси при личен претрес“, објавија медиумите во Србија.

На Д.Џ. му е одреден притвор од 48 часа, а против него е поднесена кривична пријава.