„Кралевите“ сакаат уште една ѕвезда од Премиер лигата, Реал преговара и со Мохамед Салах


Реал почнал преговори со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, тврди новинарот Филип Карајон на францускиот „Канал плус“.

– Зинедин Зидан не го сака само Еден Азар во клубот. Постојат одредени контакти меѓу Реал и Мохамед Салах, истакна Карајон.

Оваа вест ќе добие голем одѕив доколку е точна, бидејќи евентуалниот трансфер на Салах кај „кралевите“ сигурно ќе ја потресе Европа, ако се земе предвид дека нападот на Реал со него и Азар би добила сосема друга димензија.

Сепак оваа вест треба да се земе како резерва, бидејќи освен тврдењето на францускиот новинар нема други информации за наводниот трансфер. Но, тоа што е сигурно е дека Реал подготвува голема реконструкција.

Тренерот Зидан отпишал многу играчи, така што сега има на располагање 540 милиони евра за засилувања. Добар дел од тие пари ќе одат на трансферот на Азар, а останува да се види дали „кралевите“ ќе завршат работа и со Ливерпул.