Хрватска: 16 години бил лажен професор, неговата сопруга кандидат за европарламентарните избори

Професор во средно училиште во Хрватска, 16 години работел со фалсификувана диплома за завршен факултет, а неговата сопруга е кандидат на европарламентарни избори, која не знаела ништо за измамата на сопругот.
Саша Ѓурѓиќ е лажниот професор кој на почетокот на овој месец даде отказ од работа, откако се открило дека има лажна  диплома од Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб.
„Свесен сум дека згрешив, сега сум препуштен на институциите кои ќе ја завршат својата работа“, вели Ѓурѓиќ за Подравски.
Неговата сопруга Милица Ѓурѓиќ, кандидатка за европарламентарните избори, вели дека нејзиното семејство преживува вистинска драма.
„Јас не знаев за тоа, не ни бев во брак тогаш со него. Свесна сум за тоа што го направил мојот сопруг“. вели таа.
Тврди дека нејзиниот сопруг не заминал за Германија откако дал отказ од работа во училиштето во кое работел 16 години.
Директорката на училиштето вели дека известувањето за лажната диплома за нејзиниот колега, кој бил назначен и за нејзин заменик, го добила по пошта во понеделникот од Факултетот.
„Веднаш, следниот ден, во вторникот, покренавме дополнителна проверка на факултетот и потоа истиот ден покренавме постапка за давање вонреден отказ, а поднесовме и кривична пријава. Процедурата е строго пропишана и постапката за вонреден отказ трае 14 дена. Како прв чекор побарав објаснување од колегата Ѓурѓиќ, за што рокот е два дена“, вели директорката.
Кога лажниот професор дошол во училиштето место објаснување сам поднесол отказ.
Директорката вели дека следејќи ја неговата работа не забележала дека тој отстапува од педагошката практика, но биле во шок кога дознале за неговата измама.
loading...