Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Нови шанси кои ќе ве доведат до елитни места и ќе добиете нови покани: Месечината во Вага ве повикува на дружење и уживање во широкиот социјален круг, каде што од вас се бара да се придржувате до протоколот и правилата. Ускладете се со останатите и честитајте си меѓусебно: потрудете се да не правите шоу од себе и дотерајте се соодветно.

БИК: Денес сте подготвени да им кажете збогум на оние работи кои што го кочеа вашиот развој: среќни сте што повеќе нема назад и се радувате поради новите откритија. Убави вести поврзани со работата, љубовта, професионалниот статус, но и здравјето и сега може да ја кажете својата вистина. Промоција, екстра приходи и подароци. Нови консултации.

БЛИЗНАЦИ: Убави романтични изненадувања, но дали сте подготвени да ги дочекате во радосно расположение? Не си дозволувајте преголемата анализа да ве парализира, туку гледајте пооптимистично кон она што се случува. Можност за запознавање на нови луѓе, како и за патување: инсистирате на слобода и независност покажувајќи голема самодоверба.

РАК: Можеби се чувствувате по малку ограничени: бидете разумни и ќе успеете да ги завршите своите должности, без оглед колку ви е тешко тоа. Ако треба да донесете важни одлуки, ослободете се малку и не сметајте дека дошол крајот на светот: фокусирајте се на помалите работи и покрупните ќе се средат самите од себе. Време е за компромис.

ЛАВ: Нешто важно се случува во вашиот живот: започнувате нов ангажман или, пак, некој доаѓа на гости од далеку. Се среќавате со нови луѓе и пријателствата се исполнети со љубов и среќа. Практично користење на својата сила и тимска соработка: бидете совесни и истрајни и ќе ги постигнете зацртаните цели. Сè постигнувате со својот личен напор.

ДЕВИЦА: Неколку убави изненадувања на романтичен план: неочекувани средби, интересни случки или љубов на прв поглед. Не сфаќајте ги површно работите и не си играјте со огин, можеби ова е одговорот кој што одамна го чекавте! Инспирирани и возбудени, го давате најдоброто од себе на професионален план. Добро здравје и виталност.

ВАГА: Сега е нагласена вашата елегантна, софистицирана и убава природа: самоуверени и гламурозни, точно знаете кога да дејствувате за да ги постигнете своите желби. Знаете дека силата на љубовта не се гаси со снег и добро владеете со себе: праќате љубовни погледи наоколу и ги искушувате останатите. Купете си некој луксузен предмет.

СКОРПИЈА: Преку напорната работа, доаѓате до успеси и победа: бизнисот цути, испитите ги минавте и ја постигнавте саканата љубов, што уште би можеле да посакате? Парите си доаѓаат самите од себе и можеби е време да направите пауза, за да откриете како да ги продлабочите своите врски. Долговите стануваат минато и имате екстра приходи. Нови инвестиции.

СТРЕЛЕЦ: Договор со некоја личност, која што не сосема е чесна со вас, но тоа не е причина за депресија пријатели. Одеднаш гледате дека добиваат крила оние кои што едвај оделе и можеби сметате дека е време да си заминете: немајќи ја саканата слобода, не сте во состојба да работите правилно. Можеби е најдобро да се повлечете на кратко и да одморите.

ЈАРЕЦ: Препуштете ѝ се на фантазијата, бидејќи само таа нема да ве изневери: како да сте повторно дете и почнувате од нула. Имајте повесел став и бидете разиграни: животот повторно станува убав, бидејќи победува желбата за едноставните работи. Не го прекорувајте светот и самите нема да бидете прекорени: време е за мечтаење и креативност.

ВОДОЛИЈА: Конечно доаѓате до саканата позиција и чест: започнатите проекти се успешни и ја коригирате финансиската ситуација. Нови потфати, признанија или промоција, како и средба со некоја личност со висок стил. Состаноци, договори, но и празници: сето ова ви е многу важно! Убави пресврти на професионален план и работа меѓу двајца. Бидете истрајни.

РИБИ: Се соочувате со бура и конфузија на емотивен план: кулите што ги градите се чини дека се направени од песок. Со првиот ветер се рушат и носат своевидни жртви. Дали вашата ноншалантност ве заведува убедувајќи ве дека ќе успеете така лесно? Бидете приземни бидејќи имате тенденција да губите фокус, особено на работен план. Нов договор.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]